15 Јануари, 2025
0.0285

СЕ БЛИЖИ КРАЈ НА ЕВТИНИТЕ ЛЕТОВИ, нова реалност во патувањата со Wizz Air, Ryanair, Easyjet, Vueling, Eurowings и Transavia

Објавено во: Економија 18 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Летните летови меѓу Велика Британија и земјите од ЕУ годинава се за третина поскапи од лани, но тоа не е моментална флуктуација, туку нова реалност во Европа поради се построгите климатски регулативи.

Системот за тргување со емисии на Европската унија (EU ETS) бара од авиокомпаниите да купуваат поместувања на јаглеродот за секој метрички тон јаглерод диоксид што го испуштаат во атмосферата, а овие правила важат за летовите што започнуваат и завршуваат во Европската економска област, Велика Британија и Швајцарија.

Според сегашните регулативи, авиокомпаниите добиваат околу половина од овие компензации бесплатно, но овој договор завршува во 2026 година, пишува Bloomberg.

Почнувајќи од 2024 година, авиокомпаниите ќе плаќаат сè повеќе за јаглеродни отштети, а во рок од три години нивните трошоци ќе се тројно зголемени.

Промените во EU ETS ќе го намалат профитот на шесте главни нискобуџетни авиокомпании - Ryanair, Easyjet, Wizz Air, Vueling, Eurowings и Transavia за 77 отсто, а тоа ќе доведе до неизбежно зголемување на цените на билетите.

Воздухопловната индустрија, која произведува 2,5 отсто од емисиите на јаглерод диоксид во светот, според планот на ЕУ „Дестинација 2050“, ќе треба да се трансформира во следните три децении за загадувањето да се сведе на нула.

За да се постигнат овие цели, неопходни се инвестиции во инфраструктурата и авијацијата на иднината, како и употреба на алтернативни горива и технологии кои го отстрануваат јаглерод диоксидот. Трошоците за оваа транзиција се проценуваат на огромни 820 милијарди евра до 2050 година. Поголемиот дел од технологијата на која смета планот „Дестинација 2050“, како што се електрични или авиони на водород, сè уште не може да се користи.

Има многу непознати поврзани со оваа транзиција, но едно е сигурно: наредните децении ќе бидат многу скапи и предизвикувачки за воздушниот сообраќај, заклучува Блумберг.

ФОТО: EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER

Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

ДОДЕКА ВРАБОТЕНИТЕ Ѝ ПРОТЕСТИРААТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, СТАТИСТИКА ПАК БАРА РАБОТНИЦИ ЗА „СИТНО“ ОД 28 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - нов оглас, еве што се нуди

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

Кој е спремен да плати над 260.000 евра за сите слободни акции во РЖ Економика?

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

„КОГА ДОЈДОВ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЗАТЕКНАВ СОСТОЈБА НА НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ, КОИ ЈА УСПОРУВАА ИЗВЕДБАТА“: Трајановски за Градско-Дреново

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина