СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Девојка падна во бездна длабока 30 метри
Објавено во: Балкан 07 Август, 2018
Несреќа се случи во Националниот парк Плитвички езера, при што млада девојка од Франција се бори за живот, пишуваат хрватските медиуми.
Дваесет и три годишната девојка паднала во бездна длабока 30 метри. Несреќата се случила вчера наутро кога таа излегла од оградениот дел, се лизнала и паднала во провалијата.
По спасувачката акција, девојката со возило на Итна медицинска помош е пренесена до најблиското место, а потоа со хеликоптер во Клиничката болница во Ријека. Таму лекарите се борат за нејзиниот живот.