06 Октомври, 2024
0.0337

СЕ ГРИЖИ ЛИ НЕКОЈ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Кој и колку ќе исплаќа К15?

Објавено во: Економија 15 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Незадолжителната обврска на компаниите да го исплаќаат регресот на годишен одмор, ќе значи дека само мал дел од работниците ќе имаат шанса да за добијат К15, укажуваат од левичарското движење “Солидарност”. Ваквата одлука според граѓанските здруженија и дел од работничките синдикати ќе биде дополнителен удар врз животниот стандард на работниците. -И пред потпишувањето на најновата спогодба помеѓу ССМ и ОРМ во врска со правото на регрес на годишен одмор за вработените во приватниот сектор во стопанството, во практиката имаше голем проблем со исплатата на овој паричен надомест за работниците, бидејќи добар дел од газдите изнаоѓаа разноразни начини како да ја избегнат оваа обврска. Со потпишувањето на спогодбата, газдите повеќе немаат никаква правна обврска за исплата на К15 и тоа во практиката ќе значи дека многу мал дел работници ќе примаат понатаму К15. Ова ќе значи дополнителен удар по животниот стандард на работниците. На овој начин, повторно, како и пред една година, задолжителна исплата на К15 ќе има само за функционерите. Имено, согласно одредбите на Законот за исплата на плата и други надоместоци на избраните и именувани лица, овие лица имаат право на надомест за годишен одмор во висина од барем просечна плата во Македонија. Со што повторно се покажува социјалната неправда во Македонија. Системот функционира на таков начин што оние што немаат, дополнително се осиромашуваат, а оние што се во добра материјална положба, дополнително им се овозможува да се збогатуваат, вели за Фактор Здравко Савески од Левичарското движење “Солидарност Според Савески прифаќањето на спогодобата од страна на Сојузот на синдикати на Македонија, е голем пораз за претседателот на ССМ, Живко Митревски, кој претходно токму регресот К15 го посочуваше како негов најголем успех. -Претседателот на ССМ Митревски во претходниот период, од воведувањето на задолжителноста на К15 во приватниот сектор, во многу прилики како свој успех и заслуга си го препишуваше договарањето на регрес за годишен одмор. А во првиот свој потег по својот реизбор за претседател на ССМ обезвредни едно важно работничко право. Но веќе одамна на сите, и на членовите на ССМ и на останатите работници, им е јасно дека тој не е на таа функција за да ги штити работничките права. Поставен е со друга цел. Да го спречи развојот на автентичното синдикално движење кое се раѓа во Македонија. Ако Живко Митревски би имал и трошка доблест, по ова ќе си поднесеше оставка на челната позиција на ССМ. Но, бидејќи на сите им е јасно дека тој неа ја нема, останува на здравите сили во ССМ и на работниците кои членуваат во ССМ да издејствуваат негова оставка. Во обратен случај, намалувањето и кршењето на работничките права ќе продолжи да биде аминувано од синдикатите, вели Савески. Исплатата на К15 ќе зависи од финансиската моќ на фирмата По двомесечни преговори вчера работодавачите и ССМ постигнаа договор-обврската за исплата на регресот К15 останува, ама нема да важи за фирмите кои работат со загуби. Според договорот не е утврден најнизок лимит за исплата, а максималната сума е 8.400 денари. Според упатените и дел од гранковите синдикати кои не се согласиле со ваквата одлука, ова значи дека компаниите особено помалите, практично ќе можат да исплаќаат симболични суми па дури 1, 50, 100 денари, и на тој начин од една страна да ги запазат законските обврски, а од друга страна обврските кон работниците. Од друга страна бројките покажуваат дека од вкупно 70 илјади фирми, 60 илјади имаат од 1 до 9 вработени и немаат синдикат. Последните статистички податоци дека лани бројот на активни деловни субјекти во Македонија изнесувал 70.659. Податоците за структурата на компаниите покажуваат дека според бројот на вработени, најголемо учество или од 85,2 проценти имаат фирмите со 1 до 9 вработени. Потоа, со 5,4 проценти, следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број вработени (без податок за вработени), од 10 до 19 вработени имаат 4,4 проценти од компаниите. Со 20 до 49 вработени во 2014 година биле 2,6 проценти од фирмите, 1,8 проценти се компании со 50 до 249 вработени, а само 0,3 проценти над 250 вработени. Според договорот на социјалните партнери точната сума на регресот ќе ја договораат работодавецот и претставници на синдикатот, а во спротивно, со дел од вработените кои ќе ги препорача раководителот. -Ценејќи ја економската и финансиската состојба, постоењето на последиците од економската, финансиска и должничка криза и потешкотиите кај одделни работодавачи, а со цел да се обезбеди сигурноста на работните места и елиминирање на опасноста од нивно губење, партнерите како исклучок договорија дека правото на регрес за годишен одмор може да се утврди и во помал износ од утврдениот, но само доколку се постигне спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација, но по претходна задолжителна консултација со синдикатот на ниво на гранка или оддел. Фирмите ќе можат да исплаќаат или не К-15 во зависност од договорот меѓу вработените и работодавачите. Максималната сума која ќе треба да се исплати за К-15 останува 8.400 денари, се посочува во соопштението на Сојузот на синдикатите на Македонија. Со спогодбата за измени и дополнувања на општиот и олективниот договор за приватниот сектор, важноста на договорот се продолжува за уште две години. Додека траеја преговорите на социјалните партнери, од Управата, Правосудните органи и Здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), порачаа дека не само што не смее да се укине исплатата на К15, туку тоа треба да важи и за јавниот сектор.Инаку постои посебен Колективен договор за јавен сектор независно од тој на приватниот сектор за кој веќе подолго време се преговара со Владата. Привично укинување на исплатата на К15 побараа од Организацијата на работодавачи, а на барањето се приклучија и стопанските комори, кои пак посочија дека за да ја запазат законската обврска биле принудени да земаат и кредити. Бизнисмените  се поажлијка дека  сега кога земјава се наоѓа во политичка криза за нив е невозможно да се наметнува обврска за исплата која за фирмите значи дополнителен трошок. Обврската за исплата на годишен регрес за одмор беше укината во 2005 година и по девет години, со последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор потпишан помеѓу ССМ и Организацијата на работодавачи, обврската за исплата повторно се воведе лани. Заклучно со декември 2014 година, регресот К15 требаше да биде исплатен на околу 300.000 работници, вработени во приватниот сектор. И кога беше задолжителен, дел од компаниите не го исплаќаа Лани во декември компаниите кои не исплатија  К15 заклучно беа казнети со глоба од две до три илјади евра за правното лице и до илјада евра за одговроното лице. Дел од бизнисмените успеаја и итро да ја изигриаат законската обврска. Така  дел од компаниите во обид да ги намалат трошоците а истовремено да го испочитуваат законот ги намалуваа платите на вработените, некои од газдите по исплатата на регресот бараа од вработените истиот да го вратат назад. Имаше случаи кога газдата им дал отказ на вработените, со што прекинал нивниот работен однос, потоа веднаш формирал нова фирма, во која сите повторно ги вработил, но во новата фирма немал обврска да им исплаќа К15 бидејќи условот е работниците да се кај ист работодавец најмалку шест месеци. Според податоците Државниот инспекторат за труд, од вкупно 74 постапки за фирми кои не исплатиле К-15, дваесетина биле иницирани од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и се однесуваат на фирми од текстилната индустрија во Тетово, Битола, Кочани и во Скопје, а злоупотреби имало и во оранжерии во Свети Николе, во градежни компании во Скопје, фирми за обезбедување, брокерски куќи и во неколку медиуми. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?