Се јави македонски планинар: Еди Рама објави фотка од Лешница на Шара со ознака дека е од Албанија
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020
Планинарот Бошко Видоески во пост кој се однесува на фотографијата која на својот официјален фејсбук профил ја сподели албанскиот претседател Еди Рама вели дека таа воопшто не е направена во Албанија. Рама ставил фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија„ и „Кањон Лешница“ (#BeautifulAlbania, #KanioniLeshnicës). Планинарот Видоески вели дека сепак ова е една од т.н. Кривошијски кади на Кривошијска река која се наоѓа на нашата страна од Шар Планина.
„ Еди Рама не знае дека ова потпаѓа под Кривошија, а не Лешница. Хехе. Уште помалку знае дека ни едното, ни другото не се во Албанија. Нема везе, не учел географија за својата земја, ќе му простиме, напишал Видоески.
Инаку фотографијата која ја споделил Рама е на извесен Африм Такирај.
Кањонот Лешница се наоѓа во близина на грчката граница кај патот за Саранда и е заштитено природно подрачје во Албанија.
Тој вели дека фотографијата почнала да се споделува без опис па така стасала и до Рама.