06 Октомври, 2024
0.0302

Се крои нов Закон за високо образование, дали ќе има деконцентрација на моќ во универзитетите?

Објавено во: Македонија 06 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Високото образование е од посебна важност и интерес за секоја земја, бидејќи во академските кругови треба да се развива слободата на научната и критичката мисла. Потребата од ново законско решение е очигледна  бидејќи истиот беше повеќе пати менуван но и поради проблемите кои се јавија во изминатите години кои директно влијаеа на квалитетот, како и промените кои беа закана за нарушување на слобода и автономија на академската заедница- вели за Фактор Мартина Илиевска, програмски координатор во Младинскиот образовен форум. 

Предлог законот влезе во собраниска процедура,  а  со  законските измени кои се најавуваат подобрувања кои може да се направат на овој последен текст се во неколку области, од  избор и услови за студентски правобранител, избор на студентски собранија и прекин на мандат, пријавување на корупција до  антидискриминација во високото образование.  Законот за високо образование  како што вели Илиевска   е еден од најзначајните прописи за образованието. 

“Младинскиот  образовен форум преку различни канали се потруди да придонесе во подготовката, правејќи консултации со студенти за студентското организирање и преку праќање на коментари и препораки до министерството за образование и наука. Во предлог законот за високо образование кој е влезен во собраниска постапка, за Младински образовен форум посебно важни се некои промени во законот за кои се застапувал со години. Студентските собранија ќе станат за прв пат тела на универзитетот, наспроти досегашните студентски организации кои беа невладини организации и промената што правобранителот за прв пат ќе може самостојно  да постапува за заштита на правата на студентите. Студентскиот правобранител да биде избиран од страна на студентите, на општи, тајни и непосредни студентски избори, наместо од сенатот каде што  мнозинство се претставници на професорите. Правобранителот треба да биде студент по право на универзитетот на кој што се кандидира да биде правобранител.  Бидејќи треба да има правно знаење и да може соодветно да ги застапува правата на стидентите. Сметаме дека правобранителот на универзитетско ниво мора да има правна стручност за да може да ги застапува правата на студентите”-вели Илиевска.

 
Според неа несоодветно е да се намали правото на глас на студентот повеќе од што е сега. Досега студентите бираа и на факултети и на универзитети. Студентите  вели дека треба да добијат право на избор на претставници во сите претставнички тела на непосредни избори.

“Новиот пропис го одзема правото на студентотот да бира свој претставник на ниво на универзитет, и креира делегатски модел каде гласаш еднаш на матичен и  потоа се се делегира оттаму. Тоа создава и централизација на моќта во едно тело.  Студентите треба да добијат право на избор на претставници во сите претставнички тела, претседател на студентско собрание на матичната едниница, претставници во матичната единица, претседател во универзитетското собрание и претставници во универзитетското собрание на непосредни избори”- нагласува координаторката на Младинскиот образовен  форум.

Предлог законот не предвидува одредби за отповикување на мандатот на претставниците, претседателот и претседавачот во студентските собранија, доколку го прекрши деловникот за работа и статутот на студентското собрание или други акти на универзитетот или факултетот.

“Ниту пак содржи одредби за престанок на мандатот, доколку им заврши статусот студент, смрт, попреченост да ја извршува должноста или доколку самостајно даде оставка.Во моментот се предвидува тело за прием на пријави на корупција, кое е сочинето од едно лице. Сметаме дека додека ова е добра иницијатива и за прв пат се јавува вакво тело во законот, не треба да биде сочинето од едно лице, затоа што тоа само по себе значи дека има само еден степен за да стане корупмирано. Како организација предложуваме тоа тело за пријавување на корупција да биде составено од професори, студенти и студентски правобранител”- потенцира Илиевска.

Како организација со години работи на следење на дискриминацијата која постои на  високо образовните  институции заклучуваат дека се застапени  различни форми на дискриминација, но нема механизми на факултетите кои може да постапат. Поради тоа предлагаат да се воведе Универзитетска комисија за заштита од дискриминација, која е од есенцијално значење за унапредување на состојбите во терцијалното образование во областа дискриминацијата. Препораките според Мартина Илиевска  се во насока да помогнат да се унапреди и подобри прописот, за позначајно да придонесува кон квалитетно високо образование, подобра академска заедница, но и подобар кадар кој ќе се образова високо образовните институции во Македонија.

На јавната собраниска расправа се разгледуваа мислењата и предлозите  на академската заедница, професорите, студентите кои дебатираа како до поголема автономија, подобро студентско организирање, и модели на финансирање на универзитетите. Новиот Закон за високо образование влегува во последна фаза  во која се втемелени академската слобода која што треба да вклучува слобода на говор и изразување, правната сигурност којашто ќе ја имаат вработените на факултетот и  деконцентрирањето на моќта во рамките на Универзитетот.

Можеби ќе ве интересира

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица