19 Декември, 2025
0.1426

СЕ НАЅИРА КОАЛИЦИЈАТА: Ахмети ќе удоволи на барањата на Груевски или обратно?

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2017 08:01

Добивај вести на Viber

Дали ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во координирана акција ја спремаат јавноста дека нивната коалиција е веќе стокмена. По неколку дневните обидина Груевски да се „испере“ пред албанските меидуми, преку интервјуа, каде објаснуваше дека тој и коалицијата многу напарвиле за албанците и вчерашниот настап на Бујар Османи, се наѕираат контурите на новиот договор.

Во интервју за Гласот на Америка, Бујар Османи од ДУИ нагласи дека треба да се почитува принципот за коалиција меѓу партии кои освоиле најмногу гласови, како во македонскиот, така и во албанскиот блок. Тоа, во политички превод, би значело коалицирање со досегашниот партнер во владата, ВМРО-ДПМНЕ,

- Мислам дека тоа што доминира на сцената е почитување на потпишаните договори. Македонија во минатото постоела како таква само почитувајќи ги меѓународните договори. Еден од нив е Мајскиот договор од 2007 година, во кој се вели дека победникот кај албанската заедница го избира партнерот – победник кај македонската заедница. Почитувањето на овој принцип е многу важен, за да се зачува важноста што ја има албанската заедница и за да се зачува логиката која ја имаат изборите кај самите Албанци - вели Османи.

За лошата перцепција која Албанците ја имаат за Груевски, пак екс премиерот изминативе денови ги обвинува медиумите, особено тие што се финансиски помогнати од СОРОС како и од невладините организации кои работат само за да го уцрнат неговиот имиџ, помагајќи ја и реториката на опозицијата која ги креирала прислушуваните нелегални телефонски разговори. Според Груевски, решение гледа во поголемо негово присуство во албански медиуми за тој директно да им ги пренесе пораките, а тие самите ќе го разберат.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица