15 Јануари, 2025
0.0293

Се очекува намалување на каматите на кредитите

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Се очекува намалување на каматите на кредитите. Трендот е присутен, но намалувањето оди постепено, рече денеска Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.

- Намалувањето на каматната стапка на благајничките записи што го направи Народната банка е сигнал за банките. Имам информации дека некои банки веќе ги намалија каматите на депозитите поради што се очекува и намалување на каматите на кредитите. Сепак, тоа нема да биде капитално, истакна Јанчевски на седницата на Здружението.

Во 2009 година просечната камата беше 9,3 отсто, а лани 7,3 проценти.

Според Јанчевски, глобалната криза што се почувствува и во Македонија се одрази повеќе во реалниот сектор додека банкарството остана стабилно, со висока ликвидност. Во 2012 година, заклучно со 30 септември, во однос на 2011, билансите на банките се пораснати за 2,4 отсто, на кредитите за 5,4, а на депозитите за 5 проценти.

- Кризата во реалниот сектор имаше влијание и во банкарството. Процентот на нефункционалните кредити се зголеми од 9,5 на 11,6 отсто, истакна Јанчевски.

Иако БДП е намален и се очекува, како што нагласи, да биде околу нула, банките не престанаа со кредитна активност. Процесот, сепак, е забавен.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања