Се одлужува шоуто „Глумците пеат“ - купените влезници ќе важат за новите термини

Објавено во: Македонија 21 Март, 2025 11:44
Поради трагедијата која се случи во Кочани, каде што во пожар во дискотеката „Пулс“ изгореа 59 жители од градот и околината, организаторите на популарното шоу „Глумците пеат“ решија да ја одложат минифестацијата.
Настанот требаше да се одржи на 8 и 9 април во Македонскиот народен театар (МНТ), но поради трагедијата тој нема да се одржи. Нов датум за настанот се уште не е одреден, но беше истакнато дека купените влезници ќе важат за новите термини.
- Се одложува шоуто „Глумците пеат“, кое беше закажано за 8-ми и 9-ти април во МНТ.
Ова шоу постои да носи радост и заедништво, но во моментов никој од нас нема сила за тоа. Новите датуми ќе ги објавиме набрзо. Купените влезници ќе важат за новите термини.
Ви благодариме на разбирањето, велат организаторите - стои во објавата која се споделвуа на социјалните мрежи.
Ова е трето возобновено издание на манифестацијата која ја создаде актерот Марин Бабиќ, кој почина во октомври 2022. Настанот сега го организираат неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ во негова чест. Во 2023, „Глумците“ се вратија на сцената по 17 години пауза.
Можеби ќе ве интересира
ЌЕ ЗНААТ ТОЧНО КОГА ИМ СЕ ПРИБЛИЖУВА НАСИЛНИКОТ - се предлага нов закон за жените жртви на семејно насилство
И ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ГИ БРКА МЛАДИТЕ ОД ДРЖАВАТА: Има и луѓе кои се иселиле токму поради оваа причина

„ШТО БРЕ СТРАВ ОД МЕШАЊЕ НА ПОЛИТИКА?“: Најчевска остро 'протестите се против сите корумпирани партии'

НОВ ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА - дожд, ветер, ама и сахарска прашина, еве што не очекува неделава
НА МНОГУМИНА ИМ ПРЕПОРАЧУВАМ ДА НЕ СПИЈАТ МИРНО, ЗАВРШУВА ЕРАТА НА ЛОКАЛНИ И НАЦИОНАЛНИ ШЕРИФИ: Грчева за трагедијата во Кочани и злоупотребата на несреќата

„И ПОЛИЦАЈЦИТЕ СЕ ЛУЃЕ СО ЧУВСТВА“: Независниот синдикат со поддршка за колегите 'се надеваме дека ќе успеат да ги надминат траумите'

„ОВАА ДРЖАВА ИМА ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ, ПОЛОВИНА СЕ ВО СТРАНСТВО, ДРУГИТЕ ВО ДУПКИТЕ“: жителите на Кочани бараат револуција на свеста

СЕ „ТРЕСЕ“ СЕ' ШТО ИМА АКТИВНА ЛИЦЕНЦА: „Го изигрувале законот“

ДЕТАЛНО СЕ ПРОВЕРУВААТ ГРАДИНКИ, УЧИЛИШТА, СПОРТСКИ САЛИ, УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ: Општините го вклучија алармот
