22 Ноември, 2024
0.0272

СЕ ОГЛАСИ ЕСМ ЗА ИЗБОРОТ НА МАРКОВСКИ КОМПАНИ: Тие се специјализирана компанија за ископ на јаглен и се наш партнер од пред 2007 година

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Се огласија од ЕСМ за последниот тендер даден на Марковски компани на сума од 46 милиони евра.

„АД ЕСМ како одговорна компанија ја спроведува активната транспарентност која подразбира објавување информации на сопствена иницијатива, без притоа некој да има доставено барање за пристап до тие информации.

Во согласност со таа политика, сите јавни набавки што АД ЕСМ ги има направено во изминатиот период се јавни и целосно транспарентни, иако не постои законска обврска за објавување на јавен повик и за постапки кои се изземени од законот за јавни набавки. Но, АД ЕСМ почитувајќи ја транспарентноста и со чесни намери за информирање на јавноста, јавно ги објавува повиците со цел да се обезбедат квалитетни реагенси коишто се нужни за ефикасно производство на електрична енергија, а притоа се со предвидени минимални услови што му овозможуваат на секој способен субјект во државата да достави понуда.

Затоа, за да се сопрат шпекулациите, АД ЕСМ во прилог целосно ќе го објасни текот на набавката за која се манипулира јавноста изминативе неколку денови.

АД ЕСМ на 08.11.2023 прави интерна порачка за набавка на услуга  Ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во Рудник Брод-Гнеотино  (рамковна спогодба со еден економски оператор), на 16.11.2023 година е објавена јавната набавка. Согласно законот пред јавното отварање на понудите имаше прашања и одговори.

На 24.11.2023 година ДГУ Пелистер ДОО Битола поднесува жалба со предлог времена мерка и истата била отфрлена како неоснована од Државна комисија за жалби по јавни набавки на 15.12.2023 година.

Согласно записникот од отворање на понудите на 18.12.2023 година, на јавниот повик се јавиле 3 фирми и тоа:

-  Марковски Компани Борче ДООЕЛ увоз-извоз Битола

-  ДГУ Пелистер ДОО Битола

-  Гранит АД Скопје

По формирањето на Стручна комисија и добиено техничко мислење од истата, се прави извештај од спорведената постапка која содржи изјави од одговорно лице, членови на комисијата за јавни набави и членовите на стручната комисија.

Одлуката за избор на најповолна понуда која ги исполнува сите технички спецификации е донесена на 20.12.2023 година. На 04.01.2024 година, по известувањето за избор на најповолна понуда, извршувањето на управната 

контрола и известувањето и записникот од управната контрола, Гранит АД Скопје поднел жалба. Државната комисија за јавни набавки на 26.01.2024 ја одбива жалбата поднесена од Гранит АД Скопје поради неоснованост.

На 13.02.2024 година е склучен договор со Марковски Компани за период од максимум 18 месеци, за разлика од претходните договори што биле за период од 12 месеци. Вкупна вредност на овој договор е 2.400.000.000 денари.

Оваа набавка се однесува за подолг период, во однос на досегашните, со оглед на независноста во енергетскиот систем, но во исто време е рамковна и флексибилна со што се создава можност најдобриот реагенс да се користи во најдобро време и доколку не е потребен воопшто да не се користи.

Исто така, важно е да се спомене дека АД ЕСМ склучувала договори со Марковски компани и во минатото, односно од пред 2007 година без оглед на политичките и раководните структури во Владата и во раководството на АД ЕСМ. Марковски компани е професионална компанија што е специјализирана за ископување на јаглен и јаловина, скоро 20 години е партнер на АД ЕСМ.

Во продолжение, со укажувањето кое беше донесено од Владата, се создаваше неможност за тековното функционирање на производниот процес, кој не само што вклучува помошна механизација за ископ на јаглен кој како краен производ е поевтин од набавениот од странство, вклучува и низа други реагенси, по што Владата го зема во обѕир стручното мислење на експертите од производниот процес и беше постигнат општествен компромис.

Неминовно е да се земе предвид и фактот дека производството на електрична енергија е од амортизирани постројки, ама сепак со нивно постојано одржување и редовни ремонтни активности, како и користење на квалитетни реагенси се обезбедува стабилно и сигурно производство коешто е доказ дека и во услови на најголемата енергетска криза немаше ниту еден ден рестрикции за граѓаните.

Производството на електричната енергија не е прашање на политичко толкување, туку нужност за функционирање на општеството и ако ги тргнеме на страна сите шпекулации и манипулации, можеме да потврдиме дека електрична енергија во државата имало и ќе има во иднина, независно од политичките игри и намери“, се вели во долгото соопштение од ЕСМ. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат