СЕ ОГЛАСИ НОТАРСКА КОМОРА: Тарифата не го следеше трендот на пораст на платите, животните трошоци, инфлацијата, туку напротив, истата во континуитет е намалувања
Објавено во: Финансии 01 Август, 2024 11:27
Нотарската комора на РСМ е подготвена подетално да ги презентира анализите и аргументите за потребите од измените на тарифата. Доколку, министерот за правда има аргументирани причини за укинување на измените на Нотарската тарифа, секако тоа може да го стори во рамките на своите законски надлежности, но со тоа нема да го реши проблемот на граѓаните, ниту пак на нотарите.
Ова е дел од денешната реакција од Нотарската комкора, по најавите за повлекување на последните измени на Нотарската тарифа, која треба да започне со примена од 1
септември 2024 година.
Во реакцијата се посочува дека Нотарската тарифа во ниеден случај не може да биде скриен процес, од причини што, како и секоја претходна, така и оваа Нотарската тарифа е донесена во законски пропишаната процедура, која траела половина година.
- По однос на новите измени, треба да се има предвид дека Нотарската тарифа не само што не го пратеше трендот на пораст на платите, животните трошоци, стапката на инфлација и вредноста на правната работа, туку напротив во овие 25 години, истата во континуитет е намалувана во 2010, 2016 и 2019 година. Влијание на измените на Нотарската тарифа има и фактот што од воведувањето на нотаријатот, донесени се низа закони со кои се зголемуваат обврските на нотарите, што само по себе повлекува нови вработувања во нотарските канцеларии, а Нотарската тарифа паралелно се намалува. Што значи, нема никаков рационален соооднос и економска исплатливост за функционирање на нотаријатот како независна и самостојна јавна служба, се наведува во соопштението од Нотарската комора на РСМ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





