СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРОТ КАЛАЈЏИЕВ ЗА СЛУЧАЈОТ ПРОТИВ ЖАН МИТРЕВ: „Главниот сведок на обвинителството сведочеше во прилог на одбраната“
Објавено во: Македонија 03 Април, 2024
За случајот со обвинението на ОЈО против Жан Митрев, се огласи професорот по Кривично право, Гордан Калајџиев.
„Ватерло за обвинителството во случајот против Жан Митрев! Главниот сведок на обвинителството (доктор од друга клиника) сведочеше практично во прилог одбраната. Наводно измамените никогаш воопшто не се сретнале со “измамникот” д-р Жан Митрев. Од самиот почеток на судењето не ми беше јасно како без вештачење ЈО ќе докаже дека методата на хемофилтрација била помалку ефикасна од она што докторот не им го ни’ ветувал туку го објаснувал на ТВ. Клучниот “доказ” на Јо сега е квазивештачењето на комисијата на Мин. за здравство кое процесно и не може да биде доказ затоа што е мислење кое нема да може да се тестира пред судот што ЗКП изречно го забранува. Се ла ви“, напиша тој на фејсбук.