Се огласи Спасовски: Вања ја бараат стотици полицајци, се прегледува и „Сејв сити“
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2023 13:00
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за прв пат се огласи за случајот со исчезнатата Вања Ѓорчевска, кој пред медиумите рече дека секојдневно се преземаат низа активности и дека во потрагата се вклучени неколку стотини полициски службеници кои исклучиво работат на оваа проблематика.
„Предводени се од началникот на секторот за внатрешни работи и од помошниците началници, целото раководство е насочено кон оваа активност. Преземаме опсежни мерки. Не зборувајќи за детали, опсежни мерки. Искористување на сите можни капацитети за јавната безбедност кои што значат пред се подигнување на камери. Преку 50 места со камери се преземени и прегледани. Целосно е во функција системот ‘Сејв сити’ каде што исто така се преземаат мерки. Сите податоци од телеком операторите кои може да бидат важни се прегледани. Десетици и десетици лица се преслушани за информации за овој настан. Преземени се електронските уреди од семејство и од девојчето, се вештачат, еден дел се земени податоците“, брифираше Спасовски..
Министерот е убеден дека податоците од овие уреди ќе помогнат во потрагата и дека веќе има одредени резултати.
„Имаме одредени податоци од овие уреди кои може да бидат од помош на истрагата и целата постапка. Се пребаруваше и речно корито на Вардар, сите подрумски простори, не само во околината туку и пошироко. Се работеше на пребарување, односно добивање податоци информации од црквите и манастири кои се во близина на Скопје. Имаме опсежна активност и тука нема да се застане“, рече министерот.
Тој апелираше да не се шират дезинформации оти и наштетуваат на истрагата. Заедно со јавен обвинител ќе преземат мерки против сите кои досега рашириле лажни вести, за што многумина веќе биле повикани во полициските станици.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка
Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино
ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?
Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови
„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски
„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите
Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“
Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија





