Се отвора патот за работа на брод - што е со другите кои сакаат да заминат во странство?
Објавено во: Економија 13 Април, 2021 07:24
Се отвора патот македонските граѓани да заминат на работа на брод.
Дел од компаниите обезбедиле вакцини и ќе ги вакцинираат во земјите каде им се закотвени бродовите, а дел од луѓето можат да заминат откако овде ќе примат вакцина. Ова се однесува за оние кои веќе работеле и имаат искуство со работата на брод. Полека морскиот сообраќај ќе се враќа во нормала, откако поради пандемијата на коронавирусот, бродските компании работеа со 30 отсто од својот капацитет. Зоран Кочоски од Aгенцијата за посредување при вработување „Коузон“ вели дека Македонија има околу 1.300 луѓе кои работат на брод, и тие генерално се на возраст од 25 до 40 години.
„Знаеме дека бродовите се пловечки хотели, и тие ќе зависат и од процесот на вакцинација во Европа. Ако Европа доцни со вакцинацијата, нема да има многу патници на бродовите“, рече Кочоски.
Се проценува дека индустријата за крстарењa ќе биде во криза уште две години и нема да се врати на нивото пред пандемијата до 2023 година.
ВО ВРЕМЕ НЕ ПАНДЕМИЈА СЕ НАМАЛИ ОДЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ ВО СТРАНСТВО
Од повеќето агенции кои посредуваат за работа во странство, велат дека со месеци имаат застој, немаат договори, и не испраќаат работници надвор од државата.
„Од лани од месец март имаме застој во работата. Луѓето сакаат да работат, посебно медицинскиот персонал, се јавуваат, прашуваат, но работа засега нема, иако има интерес од луѓето. Месечно можеби дваесетина ќе се јават и ќе прашаат за работа во странство, но огласи нема. Кога ќе се нормализира работата, многу ќе зависи од тоа каква ќе биде епидемиолошката состојба овде и во странство“, велат од скопска агенција за посредување при вработување.
Претседателката на ЗМТАС, Гордана Бешлиовска објаснува дека сега нивни приоритет е медицинските сестри да се вакцинираат, и да останат да работат овде, но големи се шансите дел од нив да заминат во странство.
„За една недела имаме барање од 14 сестри да им се потврди дека членуваат кај нас во здружението, и тоа им е потребно за да фатат приклучок некаде да заминат во Европа. Ние сакаме тие да се имунизираат и да останат во ковид центрите, но секој си го бара чарето. Од она што го слушаме и вакцинацијата ќе биде услов за да одат некаде да работат“, вели Бешлиовска.
Во Македонија веќе тече процесот на вакцинација, но по приоритетни групи. Сепак, нашата земја задоцни со имунизацијата во однос на земјите од регионот. Се вакцинираа старите и хронично болни лица, вработени во армијата, градинките, медиумските работници. Имунизирани се најмалку 25.000 граѓани.
Сања Атанасовска
foto freepik
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




