16 Декември, 2025
0.0351

Се отвори “СИМБОЛ” новиот малопродажен парк, за нова модерна Струмица

Струмичани го добија “СИМБОЛ”, новото омилено место за шопинг, дружење и уживање.

Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2025 17:16

Добивај вести на Viber

Пред голем број на гости, со богата културна програма денес и официјално се отвори „СИМБОЛ” новиот малопродажен парк во Струмица.  Овој современ објект свечено го отворија  сопственците и инвеститорите  г. Кирил Гогови г. Александар Ричлиев во присуство на градоначалникот г. Костадин Костадинов.

Изграден и организиран според највисоките стандарди за ваков вид на комерцијални објекти, малопродажниот парк „СИМБОЛ“ се очекува да биде повеќе од само дестинација за шопинг и да понуди искуство кое ги спојува врвните брендови, модерниот начин на живот и забавата на едно место!

„Денес е голем и значаен ден за мене и господинот Александар Ричлиев.
Со заедничка визија и желба го изградимвме овој комплекс, кој денес стана реалност.

Планот за реализација требаше да се одвива водве фази, но морам да истакнам, со големиот интерес на фирмите да бидат дел од проектот, одлучивме да го изградиме во целост.

Горди сме што вакви реномирани брендови, како странски, така и домашни, без двоумење веднаш се вклучија во проектот и со нивното присуство денес слободно можеме да кажеме дека Струмица добива еден нов лик кој ќе биде синоним за модерно купување во регионот.

Сакам да се заблагодарам и на општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов за одличната соработка.
Голема благодарност кон сите изведувачи вклучени во овој проект, кои несебично со своето знаење и професионален пристап придонесоа да успееме овој комплекс да го изградиме за девет месеци.

Очекувам во иднина СИМБОЛ Малопродажен Парк да стане место за уживање и да ги задоволи потребите на сите генерации“. изјави пред присутните, сопсвеникот и инвеститорот на овој репрезентативен објект  г. Гогов.

Објектот е изграден на површина од 30.000 м2, со модерна инфраструктура, максимална фунционалност, достапен за посетителите од различни делови на Струмица и околните населени места, со соодветен паркинг и квалитетен микс од реномирани брендови.

„Горди сме што успеавме да го донесеме светот и светските брендови во Струмица, овозможувајќи на нашите сограѓани пристап до врвни производи и услуги без потреба од патувања и дополнителни трошоци.

 Со реализација на проектот, се отвораат од 150 до 200 нови работни места за младите од нашиот град, создавајќи можности и перспективи тука, во Македонија.

Овој прв малопродажен парк надвор од Скопје е само почеток и се надевам дека ќе биде инспирација за македонските инвеститори да вложуваат во нашата земја, со што ќе придонесеме за економски развој на државата.

Изјави, г.Ричлиев сопственик и инвеститор на малопродажниот парк СИМОБОЛ

Од меѓународните брендови, меѓу кои повеќето, за прв пат во Струмица, во СИМБОЛ се присутни: JYSK, KFC, New Yorker, Sinsay, dm drogeriemarkt, Sport Vision, Sport Reality, Skechers, Play Park и Top Shop.

Од домашните компании, свои продавници отворија: Сетек, Зегин, Schatze Parfimerii, Сара Фешн, Мега Фешн, Дуки Дасо, My Time, Оптика Сфера, Oфис Плус и TSJ Silver.

 “СИМБОЛ е резултат на внимателна повеќегодишна анализа и ги отсликува реалните потреби на жителите на градот Струмица и околината. Исполнети се сите предуслови за максимално успешен проект: извонредна локација, домашни инвеститори со визија, 100% изнајмен просторизјавија од Cushman & Wakefield | ФОРТОНМКА, стратешки консултанти и ексклузивни агенти за проектот.

 “СИМБОЛ“, е новиот симбол и обележје на Струмица, создаден за уживање во најдоброто од модата, гастрономијата, технологијата и домот!

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“