СЕ ПАЗАРИ ЛИ МИЦКОСКИ: Како се обидува лидерот да ги спаси напаѓачите од 27 април
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2018 07:00
Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара донесување на закон за амнестија за сите учесници во насилствата во парламентот од 27 април минатата година.
-Слушајте ме добро, ајде донесете закон за амнестија кој го предлагаме за сите учесници од 27 април за да би имале неселективна правда за сите , а не само за оние кои ви служат-рече Мицкоски, алудирајќи на обвинетите пратеници од опозицијата кои гласаа за одлуката за почеток на уставни измени поради спроведување на Договорот со Грција, што го предлага Владата.
Мицкоски во 40 минутниот говор на прославата на ВМРО , познат како Ден на ВМРО , рече дека осум пратеници на опозициската коалиција на ВМРО ДПМНЕ „За подобра Македонија“, кои во петок гласаа спротивно на партискиот став, ги „издале партијата и државата“, и дека се „воделе од личен интерес“.
-Колку и да се шират дезинформации, и колку некој да ми кажува дека сум одлепил од реалноста, вистина е дека имаше притисок на пратениците и дека тоа беа притисоци на власта. И дел од платениците влегоа со лични аранжмани со власта, надевајќи се на своја слобода, но разочарувајќи го народот. Дел од нив тоа и лично го признаа“ - рече Мицкоски.
Предлогот на Владата на Македонија за почеток на уставни промени поради спроведување на договорот со Грција и промената на името на државата во Северна Македонија е усвоен со неопходно 2/3 мнозинство од 80 гласа благодарение на гласовите на осумте пратеници од коалицијата собрана околу ВМРО ДПМНЕ.
И.С.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




