16 Декември, 2025
0.0503

СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕНОТ ЗА НОВИ ПРЕГОВОРИ: Трамп за прекин на војната меѓу Русија и Украина

Објавено во: Свет 08 Септември, 2025 11:00

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска и утре одделно ќе пристигнат некои европски лидери во САД за разговори околу можностите за прекин на војната меѓу Русија и Украина.

По враќањето од финалето на Отвореното првенство на САД во тенис во Њујорк, Трамп пред новинарите соопшти дека наскоро повторно ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

„Некои европски лидери пристигнуваат во нашата земја в понеделник или вторник, одделно, рече Трамп, без да открие кои лидери се во прашање. Белата куќа засега не одговори на барањата за повеќе детали.

Трамп изрази незадоволство од ситуацијата во Украина, откако новинарите го прашаа за масовниот руски воздушен напад во ноќта кон неделата, за кој Киев соопшти дека предизвикал пожар во главната владина зграда.

Американскиот претседател сепак повтори дека е уверен оти војната наскоро ќе заврши со договор. 

- Ние наскоро ќе ја решиме руско-украинската ситуација, нагласи Трамп. 




Можеби ќе ве интересира

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница