22 Ноември, 2024
0.0278

СЕ ПОГОЛЕМ БРОЈ ПРАЗНИ СТАНОВИ, само една општина во Македонија има повеќе домаќинства отколку станови

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Значително поголем број на станови отколку домаќинства регистрираше Државниот завод за статистика при пописот направен минатата година. Согласно нивната публикација „Попис 2021“, може да се забележи дека скоро и да нема населено место во Македонија каде бројот на станови е помал од бројот на домаќинства. Притоа се забележува дека големи разлики меѓу бројот на домаќинства има и во региони, и населени места кои важат за атрактивни и привлечни за живот, односно за кои има голем интерес за живеење. 

Бројките велат дека во главниот град имаме 171.171 домаќинства, пропратени со 213.850 станови. Во општината Аеродром има 27.895 домаќинства и 35.337 станови. Во општина Бутел разликата е малку помала, па има 10.968 домаќинства со 12.324 станови. И Гази Баба има разлика и тоа 22.509 домаќинства со 26.543 станови. 

Поизразити разлики меѓу бројот на домаќинства и бројот на станови има во општините  Карпош и Центар. Па така во Карпош се регистрирани 24.589 домаќинства, со 32.115 станови, додека во Центар каде има 17.068 домаќинства, а 27.065 станови. 

Деталите за сите скопски општини може да се видат и на сликата, а воочливо е што нема општина каде бројот на домаќинства и станови е изедначен

Но, Скопје не е единствениот град во Македонија каде има разлика меѓу домаќинствата и становите. Напротив, разлики има во скоро сите населени места. 

Меѓу градовите кои имаат значителни отстпаки се и местата кои важат за туристички центри во нашата земја, или локации за викенд „прибежиште“ како што се Охрид, Струга Берово, Дојран, Маврово... 

Па така во Охрид, ДЗС регистрирале 18.368 домаќинства, а скоро дупло станови или дури 33.660 станови. Слична е состојбата и во Струга, каде има 14.606 домаќинства, со 22.668 станови. 

Во Берово и Дојран разликите се исто така двојни, но бројките на домаќинства и на станови не се толку големи. Па така, Берово брои 4.143 домаќинства, а дупло станови или 8.683 станови.  Слично е и во Дојран, каде има 1.066 домаќинства, со 3.147 станови. 

Во општината Маврово и Ростуше разликата е уште поизразена, па таму ДЗС регистрирале 1.597 домаќинства, со 5.658 станови. 

Но, податоците покажуваат дека значителни разлики меѓу бројот на домаќинства и бројот на станови има скоро насекаде. Големи разлики има и во градовите Штип (16.695 домаќинства со 22.590 станови), Прилеп (24.607домаќинства со 33.080 станови), Битола (30.154 домаќинства со 43.724 станови)...

Единственото населено место во земајва каде бројот на домаќинства и бројот на станови во една општина е сличен, па дури има повеќе домаќинства од станови е општината Арачиново, каде според ДЗС има 2.848 домаќинства со 2.815 станови.

Големата разлика меѓу бројот на домаќинства и бројот на станови „упатува“ на неизбежен заклучок за празнење на населените места. Иако е јасно дека во одредени региони има поголем број станови и поради тоа што се привлечни дестинации за релаксација, сепак, празнењето на сите населени места во земајва најмногу алармира на иселување и напуштање на родното место, што секако се потврди и во намалениот број на државјани кој согласно пописот изнесува 1.836.713 жители. 

Деталите за бројот на жители, домаќинствата и бројот на станови можете да ги видите на овој линк

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска