17 Декември, 2025
0.0841

Се полнат џебовите на трговците со енергија – за два месеца увезена струја тешка 13 милиони евра!

Објавено во: Економија 16 Август, 2013 08:28

Добивај вести на Viber

Швајцарија и Србија најмногу се офајдија од шестмесечниот увоз на струја што го направи Македонија.  Вкупно 67.034.261 фактурираше Македонија за купената струја од странство за првите шест месеци од годинава. Само јунскиот увоз чини 4,3 милиони евра, покажува анализата на Фактор заснована на најновите статистички податоци. Анализата на Фактор покажува дека во првите четири месеци од годинава дефицитарното домашно производство на струја, кое се надоместува со скап увоз чинеше фантастични 54 милиони евра, за после два месеци вредноста да се набилда на 67 милиони евра, што е раст од неверојатни 13 милиони евра. Фактите сведочат за галопирачкиот раст на вредноста на увозот на струјата во земјава, за кои од државава секој месец се одлева милионска сума на девизи. Колкава количина на струја е купена за овие 67 милиони евра  само за шест месеци статистиката не обелоденува. Оттука, нема прецизни податоци колку киловат часови струја се купени секој месец одделно, а со тоа нејасно е и по која цена е купена оваа увезена струја. Швајцарија и Србија бројат милиони од продадената струја во Македонија? Податоците до кои дојде Фактор покажуваат дека само во јуни годинава, Македонија купила струја со потекло од Швајцарија вредна 2,6 милиони евра. Околу 1,5 милиони евра пак, чинела увезената струја од Србија во јуни. Од Македонскиот увоз на струја во јуни трговци на струја од Бугарија се офајдија 270.394 евра, а од Грција 130.423 евра. Потекло на увезената струја во Македонија Во првите шест месеци од годинава од Бугарија е увезена струја вредна 8.725.606 евра, од Србија 27.787.060 евра и од Грција само 274.841 евра. Информациите на Фактор за увозот на струја во периодот јануари-мај годинава покажуваат и дека Швајцарија инкасирала безмалку 30 милиони евра од продажба на струја во Македонија. Состојбата со дефицитарното домашно производство на струја е далеку поалармантна ако се земе предвид фактот дека од 2008 година па до сега увезената струја надмина една милијарда евра! За сметка на тоа, Владата не изгради сериозен капацитет со кој ќе се ублажи увозната зависност. Со растечката потрошувачка на струја Македонија од година во година ги полни џебовите на увозниците на струја од стрнство, без притоа да се пофали дека изградила неколку од со децении најавуваните те енергетски проекти. К.П

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?