17 Декември, 2025
0.0352

Се продаваат како алва – повели да си купиш грчки остров

Објавено во: Балкан 16 Декември, 2014 08:14

Добивај вести на Viber

Да си купи грчки остров „натопен“ со сонце и опкружен со тиркизно море е сон на секој супербогаташ. Традиционално, овие острови ретко се продаваат, туку остануваат во истите семејства со генерации. Но, сега работите се сменија! Моментално на продажба се околу 20 острови, а нивната цена може да се движи од неколку до над 100 милиони евра, во зависност од тоа дали има основна инфраструктура како вода за пиење, струја, а во некои случаи и објекти за јахтата. Најголемиот дел од островите не се воопшто развиени и комплетно се напуштени, пишува The Wall Street Journal. Најнов сопственик на остров во Грција е Екатерина Риболовлева, 25-годишната ќерка на рускиот милијардер Дмитри Риболовлев. Од неодамна нејзин е островот Скорпиос, кој го купи од внуката на Аристотел Онасис. Се претпоставува дека цената е 158 милиони долари. "По продажбата на Скорпиос и особено во последната година има зголемен интерес за пазарот на острови", посочува Александрос Мулас, агент за недвижности од Savills. "Обично со нас се поврзува посредник и името на реалниот инвеститор останува строго чувана тајна." Грција моментално располага со 6.000 острови и островчиња, и крајно компликувана процедура за продавање. Прво најголемиот дел од островите не дозволуваат градење и има тежок пристап до нив, а и да најдеш некој кој што ќе одговара има 32 бирократски чекори што треба да ги минеш, пред да добиеш дозвола. Меѓу условите треба да докажеш и дека нема да бидеш закана за националната безбедност на земјата. Островот Нисос во Јонското Море е оценет на околу 6,8 милиони долари, откако на него можат да се изградат шест куќи до 130 квадратни метри. Дополнителен проблем е што во Грција сите плажи се јавни. Исто така проблем претставува и тоа што дел од пустите острови не се комплетно ненаселени. Весникот ја пренесува приказната на грчкиот бизнисмен Јанис Перотис, кој откако купил остров во јонското море, на кој сакал да гради ресорт вреден над 300 милиони долари, потрошил повеќе од 2 години за да исели еден овчар и неговото стадо од островот. Освен тоа што голем број од сопствениците на острови (по наследство) заглавија во кризата, дополнителна инспирација за продавање е и тоа што Грција (под притисок на ММФ) годинава за прв пат воведе перманентен данок на недвижности. По една деценија, во која беа склучени само неколку трансакции, одеднаш приватниот остров станува поседување за кое многу сопственици не можат да си го дозволат луксузот да го одржуваат, објаснуваат експертите. "Имам муштерии кои ми бараат што е можно побрзо да продадат. Велат дека не можат да го издржат даночниот товар. Најголемиот дел од нив мразат што имаат наследено остров," објаснува за The Wall Street Journal еден од агентите за продажба во Крит. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата