16 Декември, 2025
0.2053

Се реконструираат спортските сали во Аеродром

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2013 20:59

Добивај вести на Viber

Во 6 основни училишта во општина ќе се реновираат спортските сали.  Со реконструкција на салите се опфатени училиштата „Блаже Конески“, „Димитар Македонски“, „Лазо Ангеловски“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Љубен Лапе“и „Браќа Миладиновци“ .  Во ОУ „Блаже Конески“ градежните работи се почнати. „Ќе се изврши реконструкција на спортските сали, соблекувалните и просториите за реквизити, ќе се реконструираат покривите на спортските сали во некои училишта, ќе се промени внатрешната столарија, ќе се реновираат санитарните јазли, ќе се постават заштитни решетки на прозорците и вратите, а ќе се заменат и подовите и плочките во соблекувалните и ходниците. Ќе се молерисуваат ѕидовите и плафоните, а ќе се реконструира и водоводната, канализациската и електричната инсталација“, информираше градоначалникот Ивица Коневски. Реконструкцијата на учлишните сали ќе чини околу 30 милиони денари. Парите се обезбедени од буџетот на општината.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“