19 Декември, 2025
0.0481

Се што не ви кажале за никотинот, а треба да знаете

Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2022 12:31

Добивај вести на Viber

Откажувањето од пушење е најдобриот начин да се намали ризикот од болести поврзани со пушењето, како што се развој на одредени видови на карцином, кардиоваскуларни болести и емфизем на белите дробови. Покрај ова, чадот од цигарите ги обојува и забите, предизвикува лош здив и стареење на кожата. Никотинот е најпозната молекула во тутунот. Токму поради ова, разбирливо е зошто луѓето погрешно ги поврзуваат сите опасности од пушењето со никотинот.

Никотинот е природна состојка, додека катранот е производ кој се создава при согорувањето на тутунот. Никотинот е алкалоид пронајден во растението тутун и претставува 0.6–3.0 проценти од сувата маса на тутунот, а катранот е рецидив (остаток) од процесот на согорување, што заедно со јаглерод моноксид се докажано штетни за здравјето. Главен причинител за болестите поврзани со пушењето всушност е чадот од цигарите, кој содржи повеќе од 6.000 штетни и потенцијално штетни материи кои се ослободуваат при согорување на тутунот, додека никотинот е тој што ја создава зависноста. Никотинот е природната состојка која се наоѓа во тутунот, а научно е докажано и дека пушачите пушат поради никотинот, но се разболуваат од катранот.

Кога телото е изложено на никотин, индивидуата доживува стимул. Ова делумно е предизвикано од ефектот што никотинот го има на надбубрежните жлезди, што резултира со ослободување на адреналин. Овој наплив на адреналин го стимулира телото. Индиректно, никотинот предизвикува ослободување на допамин во областите за задоволство и мотивација на мозокот. Консумирањето предизвикува чувство на задоволство што всушност ја предизвикува зависноста од истиот. Се разбира, ова не значи дека пушењето е добро и дека луѓето треба да пушат. Научниците се согласни дека никотинот е високо зависна супстанца и во никој случај не е без ризик, па најдобар избор за сите пушачи е целосно да се откажат од употреба на тутун и никотин.

Пушачите треба да знаат дека постојат алтернативи со кои можат да направат промена и да ги заменат цигарите, и со тоа да ги намалат здравствените ризици на кои самите се изложени, како и оние во нивна непосредна близина. Алтернативните тутунски производи се дизајнирани значително да го намалат или елиминираат ослободувањето на штетни и потенцијално штетни хемикалии, а истовремено колку што е можно повеќе да го зачуваат вкусот, сетилното искуство, профилот на испорака на никотин, како и ритуалните карактеристики на цигарите.Во прилог на ова сведочат бројни светски експерти, како и научни студии од областа на јавното здравје, кои потврдуваат дека клучната разлика помеѓу постоењето чад и неговата елиминација преку споменатите производи, може да направат вистинска разлика во секојдневната заштита за здравјето.

Електронските уреди, како IQOS се базираат на технологија која го загрева тутунот и не создава чад и катран, туку аеросол кој, за разлика од чадот кој содржи само цврсти честички, е комбинација на течни капки, цврсти честички и воздух,. Како резултат на тоа, тие испуштаат помалку и пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни состојки во споредба со чадот што се создава при согорувањето на тутунот. За да можат пушачите да преминат од цигари на тутунски алтернативи без чад, овие производи треба да содржат никотин, со цел да ја задоволат потребата за истиот и да бидат прифатливи во поглед на сензорното искуство.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција