19 Мај, 2024
0.0330

Се скусуваат роковите за посвојување деца?!

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Владата го менува законот за семејство, во делот кој се однесува за посвојување на деца. Се воведуваат нови правила, но и скратени рокови. Целта, според образложението на министерсвото за труд и социјална политика, кое е креатор на измените на Законот за семејство, е да се превземат поефикасни мерки за заштита на децата без родители и родителска грижа.
„Од досегашната практична примена на Законот за семејството, констатирано е дека децата престојуваат во установите или во друго семејство повеќе од една година. Вака долгиот престој на децата во установите или во друго семејство, остава трајни последици врз правилниот психофизички раст и развој на децата. Со цел заштита на најдобриот интерес на децата и обезбедување на нивна благосостојба, Министерството оцени за потребно да се намали времетраењето на нивниот престој во установите или другите семејства, како и да се намалат роковите на постапување на надлежните институции вклучени во постапката за посвојување, објаснуваат од министерсвото за труд и социјална политика.
Што предвидуваат измените ? Со предложените измени, се предвидува скусување на рокот во кој нема да се бара согласност од родител за посвојување на детето. Односно, за посвојување на дете нема да биде потребна согласност на родител на кој му е одземена деловната способност или му е одземено вршењето на родителското право или на родител на кој девет месеци не му се знае престојувалиштето. Во постоечкото законско решение пак тој рок беше една година.
„Со определување на рокот од 9 месеци се создаваат законски претпоставки малолетното дете да биде сместено во семејство на можни посвоители на помала возраст, односно постапката за посвојување да биде завршена во пократок рок.  Со ова на малолетното дете ќе му се овозможи стимулирачка средина за развој во семејство на можни посвоители и љубов и нега кои што му се потребни, стои во образложението на ресорното министерство за труд и социјална политика.
Исто така, намален е  и рокот во случај кога не е потребна согласност од родител,  за дете кое една година е сместено во институција или друго семејство и кој не пројавил интерес за детето, од една година на девет месеци.
„Покрај скратувањето на рокот од една година на девет месеци во кој рок центарот за социјална работа треба најмалку три пати да го повика родителот и да му укаже на последиците од непреземањето на грижата за детето, се предлага на родителот да му се даде дополнителен рок од 10 дена да ја преземе грижата за детето или да даде согласност за негово посвојување. Доколку родителот во тој рок не ја превземе грижата за детето, не дојде на закажниот термин, а не го оправда своето недоаѓање и не даде писмена согласност за посвојување на малолетното дете, ќе се смета дека родителот се согласил детето да биде дадено на посвојување, објаснуваат од министерството за труд и социјална политика.
Дополнително се утврдува обврска на центарот за социјална работа за секое дете што ќе го смести во институција или друго семејство во рок од 5 дена од сместувањето на детето писмено да го извести ЈУ Заводот за социјални дејности Скопје, кој врши надзор над стручната работа на центарот за социјална работа. Доколку од надзорот над стручната работа се утврдат неправилности во работењето на центарот за социјална работа, за тоа ќе се извести социјалната инспекција, која во рок од 5 дена ќе изврши инспекциски надзор. Можните посовоители ќе мора да ја обновуваат документацијата Се воведуваат и промени на постапката во делот на обновување на потребната документација за посвојување, односно се дава обврска на центарот за социјална работа да ги известат посвоителите за потребата од обновување на документацијата, во спротивно со предложените измени се предвидува дека истите ќе бидат избришани од регистарот на можни посвоители. Посвоителите кои се избришани од регистарот поради необновена документација, можат до Комисијата повторно да поднесат барање за посвојување на дете. Министерството за труд и социјална политика предвидува и скусување на рокот во кој центарот за  социјална работа е должен до Комисијата да достави наод и мислење на стручен тим и поединечни наоди и мислења на стручните работници со предлог за упис во регистарот на можни посвоители. Наместо за 15 дена како досега , сега тоа ќе треба да се прави за 10 дена. И се воведува задолжителен рок од 30 дена во кој Комисијата треба да донесе одлука за упис во регистарот на можни посвоители. Доплнително, измените предвидуваат и намалување на рокот на Комисијата за оцена на здравствената состојба на децата без родители и родителска грижа за доставување на наод и мислење за здравствената состојба на децата, од 15 дена на 10 дена.
„Истовремено е намален и рокот во кој Комисијата за засновање на посвојувањето треба да изврши упис на детето во регистарот на можни посвоеници, од 30 дена на 15 дена, со што се забрзува постапката за сместување на детето во семејството на можните посвоители.
Измените предвидуваат и обрска за центарот за социјална работа за следење на можните посвоители по извршениот упис во соодветниот регистар, со цел утврдување на евентуални промени по однос на нивната подобност и мотивите за посвојување. Н.С.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата