Добивај вести на Viber
Телеком Австрија Групацијата објави дека договори спојување на својата подружница Вип оператор со компанијата Оне (подружница на Телеком Словеније) во Република Македонија. Еве го целосното соопштение:
Телеком Австрија Групацијата ќе поседува 55% удел во компанијата и ќе има целосна контрола врз новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словеније ќе задржи 45%. Договорот, исто така, вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словенија од заедничкото вложување во рок од три години од затворањето на спојувањето. Затворањето на трансакцијата, меѓу другото, е предмет на потврда после спроведена детална анализа на Оне, што се очекува да биде финализирано до средината на ноември, кога и ќе бидат објавени повеќе информации. Исто така, спојувањето е предмет на одобрување од страна на надлежните институции во Република Македонија и се очекува затворање на трансакцијата во првиот квартал од 2015г.
Оне е третиот по големина мобилен оператор во Република Македонија, со пазарен удел од 23.6% и корисничка база од околу 528,000 корисници на 31 декември 2013. Во 2013г. Оне достигна приходи од 75.5 милиони евра и Заработка пред камати, даноци, амортизација и депресијација (ЕБИТДА) од 14.4 милиони евра.
Телеком Австрија Групацијата нуди мобилни услуги во Република Македонија преку својата подружница Вип оператор од 2007 година. Со пазарен удел од 28.1% и околу 630.000 корисници на крајот на 2013г. Вип оператор е втор по големина мобилен оператор во земјата. Приходите изнесуваа 65 милиони евра, а ЕБИТДА 14,7 милиони евра. Со купувањето на Близу Македонија во јули 2014г., Телеком Австрија Групацијата исто така нуди и фиксни услуги на македонскиот пазар, се вели на крајот во соопштението на Телеком Австрија.
Фактор неодамна најави окрупнување на македонскиот телекомуникациски пазар: