24 Април, 2024
0.2842

Се топи оптимизмот за економски раст!

Објавено во: Финансии 16 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Народната Банка ја стопи проекцијата за економски раст догодина. По завршување на контролната мисија на ММФ, на адреса на Владата беше испратена пораката наместо да се троши, догодина да се штеди. Додека дел од европките критични економии, вклучувајќи ја и Грција, ги испорачаа првите позитивни стапки на економски раст, што треба да навестува заздравување и економско закрепнување, дали македонската економија, кој иако е во позитивна зона, ќе остане под влијание на ризици. И зошто? Помали очекувања, поголеми ризици... По цели шест години рецесија, економија на Грција за прв пат во третиот квартал од годинава испрача економски раст од 1,7% на годишно ниво. Подобри резултати од очекуваните испорача и Франција, втората по големина европска економија. Од јули до септември земјите од еврозоната на годишно ниво испорачаа раст на БДП од 0,8%, што според светските аналитичари е сигнал дека на кризата и се гледа крајот. “Потребна ни е одлучна политика со која ќе го засилиме заздравувањето на економијата, како и амбициозни структурни реформи и средства со кои ќе ги поттикнеме инвестициите“ – рече портпаролката на Европската комисија Мина Андреева. Додека Европа очекува закрепнување, македонската  останува една од водечките според висината на стапката на економски раст. Годинава според прогнозите ќе зарши со раст на БДП од 3,7%. Сепак, оптимзмот за поголем економски исчекор се стопи во новите ревидирани проекции на Народната Банка. Гувернерот Димитар Богов соопшти дека догодина растот, наместо 4,5% ќе изнесува 4,1%. “Новите странски инвестиции, поголемата искористеност на капацитетите, како и фискалниот стимул преточен во инвестиции во инфраструктурата и натаму ќе бидат главните фактори за растот на домашната економија. Притоа, се очекува деловните банки умерено да ја зголемуваат поддршката за потрошувачките и инвестициските одлуки на домашните субјекти. Kредитниот раст би изнесувал 8,7 проценти за целата 2014 година, 9 проценти за 2015 година и 10 отсто во 2016 година“, рече гувернерот Богов. Дел од економистите оценуваат дека изградбата на патиштата и натаму ќе има позитивен ефект во градежништвото, но сепак, се сомневаат дали ќе се реализира и веќе намалената стапка на економски раст. “Сметам дека и следната година нема да биде значајно поразлична во однос на годинава. Можеби ако се зголеми активноста на изградбата на  автопатите, тоа ќе има влијание врз градежниот сектор. Но суштински напредок во економијата не очекувам. Од друга страна пак сметам дека и догодина полнењето на буџетот ќе се соочува со проблеми поради што  е можно да не се релизира ниту проектираната стапка на економски раст“, вели економистот Слободан Најдовски и додава: “Не треба да заборавиме дека Владата е еден од главните инвеститори која ги менаџира клучните инфраструктурни проекти. Мене нема да ме изненади ако има ново ревидирање на податоците во надолна линија, но тоа ќе се знае уште во првиот квартал од следната година.“ Според Најдовски и натаму економскиот раст се потпира на личната и на јавната потрошувачка преку раст на платите и на пензиите. Неодамна пак министерот за финанасии Зоран Ставрески ги повика домашните бизнисмени поагресивно да го предводат растот на економијата. “Улогата на јавниот сектор беше важна и е важна особено во период на криза поради недостаток на надворешната побарувачка, на некој начин моравме да компензираме за тоа со зголемување на инфраструктурните инвестиции што среднорочно беа од корист. Градење на патишта, железнца, коридори“, изјави министерот за финанасии. Додека НБРМ ги исцрта прогнозите за догодина, мисијата на ММФ по завршување на контролната посета, на адреса на Владата ја испрати пораката дека во 2015 та треба да се штеди, иако земјата ќе остане во зона на позитивен економски раст. “Прво ако приходите се остварат подобро од проектираното во буџетот тие треба да се заштедат за подобрување на фискалната рамнотежа наместо да се потрошат. Со поскоро и посилно усогласување ќе се гарантира достигнување на идните таргети на дефицитот и на долгот на властите. Ако потфрлат приходите треба да постои резервен план со којшто ќе се утврди редоследот во приоритетите во намалување на трошоците. Ова ќе помогне за заштита на фискалниот таргет и за заштита од неодржливи намалувања на расходите, на пример како оние за инвестиции и трасфери“, изјави шефицата на ММФ за Македонија Иванна Владкова Холар. Според ММФ годинава ќе заврши со економски раст од 3,5% додека догодина ќе има незначително зголемување на оваа стапка. Дел од економистите сметаат дека препораките во делот на јавните финанасии се очекувани но и дека има показатели кои подеднакво се важни за стабилната економска клима. “Факт е дека буџетските дефицити се се подлабоки. Задолжувањата кон странство се во пораст а растат и задолжувањата на домашното ниво. И здравството е заглавено во долгови. Од друга страна од ММФ слушаме дека македонската економија расте надпросечно во однос на регионот за кој јас би кажал дека има просек на раст од 1%, ние имаме две земји како Хрватска и Грција кои со години се во рецесија, така да самата основа за споредба е ниска. Инаку, изолирано, стапката на раст од два или три проценти според мене нема сериозно влијание врз вкупниот животен стандард“,  оцени универзитетскиот професор и еден од поранешните министри за финансии Никола Поповски. Народната Банка ја намали и проекцијата за инфлација на 1%. Кај девизните резерви се очекува намалување поради исплата на доспеани кредити и камати. Според НБРМ догодина за  Еврообврзницата и кредитот од ММФ што беше земен во изборната 2011 та година, заедно со камати ќе треба да се исплатат 360 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо