14 Мај, 2024
0.0248

СЕ ТРУПААТ ДОЛГОВИ: Фондот за ПИОМ заглибува се подлабоко, Владата не е загрижена?!

Објавено во: Финансии 04 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Премиерот Никола Груевски,  највува повисоки пензии и годинава,  но не одговара дали државниот  фонд за пензиско  (ПИОМ) има финансики проблеми, со оглед дека пред само неколку дена приватните пензиски фондови јавно прговорија дека не ги добиваат уплатите за придонеси за идните пензионери што треба да им бидат префрлени од страна на ПИОМ. „За тоа прашање Ве упатувам до надлежната институција“, кусо одговори Груевски, на прашањето дали какви проблеми има ПИОМ. На ова прашање пред неколку дена не сакаше да одговара ниту министерот за финансии со став дека министерството реедовно му префрла пари на ПИОМ, а за другите детали одговорите да се бараат во таа институција. „ Сите пари што се предвидени во буџетот како трансфер до Фондот за ПИОМ се префрлени навреме и буџетот во таа насока е реализран сто отсто, а останатиот дел од прашањето треба да се упати до Фондот за ПИОМ, “изјави Зоран Ставрески, министер за финансии, изјави пред неколку дена министерот за финансии Зоран Ставревски. Со ПИОМ раководи кадар на ДУИ, а првите луѓе од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат одговорноста за проблемот да ја лоцираат во оваа институција, упатувајќи одговори да се бараат од директорот Шаип Зенели. Во меѓувреме, реагираа од опозциската СДСМ  со став дека ПИОМ  е пред банкрот и бараат одговорност за грабежот што им се прави на идните пензионери, со тоа што не им се префрлаат нивните придонеси во приватните пензиски фондови. „Во моментов, половина од пензиите во Македонија се исплаќаат на товар на Буџетот затоа што фондот на ПИОМ е пред банкрот а за исплата на пензиите секоја недела Груевски и Ставрески постојано и постојано ги задолжуваат граѓаните со нови долгови. Дополнително, лошата состојба е надградена и проширена со невиден грабеж на приватните пензиски фондови, и тоа со знаење на Груевски и Ставрески, што е кривично дело, стои во соопштението на СДСМ. Од опозициската СДСМ порачуваат дека за ова кривично дело, треба да регаира Јавното обвинителство. „Директорите на ПИОМ и МАПАС, но и кумот Ставрески, ќе се соочат со кривична одговорност од стоитици илјади осигуреници од приватните фондови доколку Јавното обвинителство не реагира,“, реагираат од СДСМ На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ со ств дека СДСМ ја издигнала деструкцијата на ниво на партиско обележје. „На СДСМ им пречи тоа што пензионерите добиваат повисоки пензии. На СДСМ им пречи тоа што македонските пензионери примаат највисока пензија во регионот.Во време на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до денес најниската пензија е покачена за 94%, а просечната за 79%. Оваа година во октомври пензионерите ќе добијат уште едно покачување од 650 денари, сто во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од ова, СДСМ го преферира времето кога на пензионерите им ги намалија пензиите за 8%, кога ги делеа пензионерите во 3 категории и им доцнеа со исплаќањето на пензиите, кога воведуваа нови модели на усогласување што дадотно им ги кратеа пензиите на пензионерите, додаваат од владејачката партија. И додека траат партиските препукувања на реалција власт опозција, а владата предводена од премиерот Никола Груевски, одговорнсота ја префрла во ПИОМ, каде раководи кадар на ДУИ, токму директорот на оваа институција Шаип Зенели, одлучи да молчи и да не дава одговори какви финансики проблеми има фондот, и како тие настанале? Откако првично ПИОМ се правдаа дека немаат долгови кон приватните пензски фондови, подоцна признаа дека имаат но, дека се бара репение да се надминат. Но детали за што станува збор, и како ќе се надминат нема. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа