15 Декември, 2025
0.0403

Се укинува роамингот, Владата ќе се заложи за минусот кај операторите

Објавено во: Економија 20 Мај, 2019 15:59

Добивај вести на Viber

Земјите од Западен Балкан се подготвуваат за укинувањето на роамингот за што веќе има политичка одлука, но како тоа ќе влијае на телеком операторите? Директорот на Вип, Мислав Галер, од седиштето на фирмата мајка А1, Виена вели дека тоа е позитивен чекор за граѓаните, тие се подготвени, но дека ќе е трошок за компаниите. Очекува Владата да им излезе во пресрет со некои давачки па трошокот да се компензира.

„Укинувањето на роамингот за земјите од Западен Балкан секако е одлична вест за граѓаните икорисниците, иако сепак ќе има негативно влијание за нашите приходи. Очекуваме Владата да ни излезе во пресрет во делот на некој фискални и парафискални давачки кои во моментот ги имаме, делумно да ги компензираме. Со тоа ќе ослободиме простор за идни инвестиции а на нашите сопственици ќе им испорачаме резултати, рече Галер, главен извршен директор на Вип, дел од А1 телеком групацијата.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој исто така е во Виена рече дека Владата ќе стори се да им олесни на компаниите и укинувањето на роамингот да биде позитивно за сите.

„Секако ќе ги разгледаме сите барања со цел граѓаните да имаат поевтин роаминг со оглед на тоа дека земјите членки на Европската унија веќе ги изедначија тарифите. Ние не сме членка на ЕУ, но ги правиме сите напори да имаме пониска стапка на роаминг и пониски цени во роаминг со оглед. Ќе ги направиме сите можни чекори во делот на барањата и олеснувањата кон операторите, со цел граѓаните да добијат поевтини сервиси. Јас се обидувам да работам и да наметнам работа во јавните институции исто како и во приватна фирма, рече Анѓушев.

Главниот извршен директор на А1 рече дека ребрендирањето на компанијата во Македонија ќе биде до крајот на годината.

„Најавата на ребренедирањетo почна во април, планираме да заврши до крај на годината без да прецизираме. Поважно е што ребрендирањето ќе отвори ново поглавје на нашите операции во Македонијаи ќе не потврди како оператор којшто е активен во мобилна и фиксна телефонија, рече Томас Арнолднер, главен извршен директор на А1.

Инаку Вип преку А1 се подготвува за нови инвестиции во телеком инфраструктурата во Македонија. Нов предизвик е и 5Г.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден