Се уште се чека на регистерот на „скриени газди“, ќе имаат рок од три месеци да се пријават
Објавено во: Финансии 20 Декември, 2019 14:41
Иако првично беше планирано да стартува изминатата есен, се уште се подготвува софтверското решение за регистарот на скриени сопственици. Марија Бошковска - Јанковски, директорката на Централниот регистар, најави дека најверојатно подготовката ќе трае до 1 февруари.
Овој тип на регистар, како обврска од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, треба да изнесе имињата како физички лица на сите сопственици на правните субјекти, вклучувајќи ги оние кои учествуваат со минимален удел.
- Станува збор за транспарентно регистрирање на правни субјекти. Вистинските сопственици ќе имаат време од три месеци да ги пополнат пријавите. Доколку не го направат тоа, казните ќе бидат високи и тоа е нивна лична одговорност, рече денеска Бошковска-Јанковски.
Од Централниот регистар велат дека интеграцијата на софтверското решение оди побавно и токму затоа овој проект кој беше најавуван уште од 2018 се не е уште имплементиран, а имало и административни пречки.
- Одговорноста ќе биде многу голема. Ние само ќе ги евидентираме сопствениците, а истражните органи ќе проверуваат. Особено се најавува интензивна работа од Управата за финансиско разузнавање на терен. Ќе мора да бидат познати и оние лица кои имаат и само 2 отсто удел во фирмата, а исто така ќе мора да се знаат и газдите на компанијата што купува одредена фирма, додава директорката на ЦР,.
Демо верзијата на регистарот се очекува да биде готова до средината на следниот месец, а веќе од официјалниот старт на почетокот на февруари почнува законскиот рок од три месеци субјектите да ги пополнат потребните податоци. За иницијална регистрација кога се регистрира нов правен субјект ќе треба во рок од осум дена да пополни пријава за вистински сопственик за да може да се ажурира во регистарот на вистински сопственици.
Сопственичката структура во регистарот ќе биде исто така јавно достапна како и останатите податоци од Централниот регистар.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




