СЕ ВРАТИ ПРВИОТ ПАЦИЕНТ ОД 115 ШТО БЕА ПРЕНЕСЕНИ ВО СТРАНСТВО: Чибишев објасни што понатаму

Објавено во: Македонија 25 Март, 2025 19:03
Повреден од пожарот во Кочани кој се лекуваше во странство се врати во земјава.
Тој е првиот кој се врати од 115-те кои беа префрлени на лекување во странство. Станува збор за пациент кои се лекувал во болница во Белград, во Србија и ќе биде на опсервација во ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје. Пациентот го пречекаа министрите за здравство Арбен Таравари и за надворешна политика и наворешна трговија Тимчо Муцунски. Директорот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија – Скопје, Андон Чибишев изјави дека вратениот пациент од Србија е во сосема подобрена општа клиничка состојба.
„Извесен период, неколку или можеби до утре ќе биде опсервиран на Универзитетската клиника за токсикологија. Во моментот се прават некои клинички иследувања. Тој е прегледан и е во сосема добра состојба, со добри клинички параметри. Ќе направиме некои наши иследувања за да бидеме сигурни дека можеме да го пуштиме дома да си оди кај семејството. Протоколот вели дека треба да земеме барем основна лабораторија, да направиме едно интервју за да видиме низ што поминал додека се лекувал таму. Доаѓањето во својата држава и дома, секако дека за него е да не кажам малку стресна состојба и ние не можеме веднаш да го пуштиме да си оди дома, туку ете малку тука ќе биде со нас, ќе се дружи со нашиот персонал, а во меѓувреме ние ќе ги направиме иследувања“, рече Чибишев.
Директорот на Токсикологија вели дека според Планот на Кризниот штаб има подготвено повеќе тимови кои се составени од психијатри и психолози кои ќе работат со пациентите кои се лекуваат во земјава и тие што ќе се вратат од странство. Повредени се лекуваат во Србија, Бугарија, Грција, Турција, Хрватска, Словенија, Полска, Шведска и други земји. Пожарот во дискотеката во Кочани изби на 16 месецов и таму загинаа 59 луѓе.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Четирите повредени од пожарот кои беа критични, денеска се подобри

ЗА ПОГОДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Пратениците од Левица ќе донираат по половина плата

ВИКЕНДОВ ПОЧНУВА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Oваа промена го нарушува режимот на спиење

ЌЕ ГИ ОЦЕНУВААТ ВЕСТИТЕ: Владата на тендер ќе бира фирма која ќе ги мониторира медиумите

„ВО КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА НЕМА НИТУ КАДАР, НИТУ МАТЕРИЈАЛИ“: Во малку подобра состојба се четворицата пациенти чија состојба е сериозна
Вонредна прес-конференција, општина Крива Паланка призна дека истекол цијанид во Крива Река

ПОКРЕНАТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ НАСИЛНИКОТ А.А. ОД РАДОВИШ - тој е уште на слобода, обвинителството бара начин да го задржи

Нисов со видео порака од лекувањето во Полска: Стабилен сум и внатрешно прочистен
„ИЗЛЕГУВАЈТЕ, СЕ ЗАПАЛИ, ИЗЛЕГУВАЈТЕ“: Објавено ново видео од „Пулс“, врисоци и паника меѓу присутните додека трчаат да излезат
