Се загушивме во загаден воздух а политичарите уште бистрат политика
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2018 09:46
Години наназад Скопје, Куманово, Тетово и други градови се гужат од загаден воздух во зимскиот период. Апелите на граѓанските здруженија да се реши проблемот кој ја стави Македонија на неславната листа 10 најзагадени земји поради скопскиот воздух не допреа ниту до претходната а ниту до актуелната владеачка гарнитура.
Мерките иако ветувани, малку се применувани и не покажаа барем засега никаков резултат.
И додека граѓаните се гушат во загадениот воздух власта и опозицијата се кошкаат. Наместо да бистрат политика функционерите да се фатат за работа...-гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.
ВМРО ДПМНЕ вели денеска испрати нови обвинувањата на адреса на скопскиот градоначалник кој велат дека ветувал решавање на проблемот со загадениот воздух а досега не преземал ниту една мерка за да го подобри квалитетот.
Од СДСМ на секое обвинување од опонентот пак возвраќаат дека проблемот кој нивните претходници само го влошуваа, Владата го решава системски.
Најавија засилен инспекциски надзор и контрола, а ќе ја субвенционираат и набавката на еколошки автомобили.
Со опасно предупредување метеоролог при Управата за хидрометеоролошки работи Борис Секирарски вели дека сите кои дишеме загаден воздух, исто како да пушиме по седум цигари дневно.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




