СЕ ЗАТВОРА ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ФАБРИКИ ВО СВЕТОТ: Нивните чоколади сигрно сте ги јаделе, еве каква судбина ги чека вработените
Објавено во: Финансии 04 Август, 2024 16:00
Производителот на бомбици Моцарт е принуден да ја затвори фабриката во близина на Салцбург. Фабриката треба да престане со работа до крајот на годинава, а што ќе биде со 65-те вработени по третиот состанок се уште е неизвесно.
Повеќе од 130 години, компанијата Салцбург Шоколаде во Гродигер, Австрија произведува чоколадни производи, од кои можеби најпознати се топчињата Мирабел Моцарт. Чоколадната фабрика во близина на родниот град на големиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт веќе неколку години се бори со ликвидноста. Сега одлуката на најголемиот купувач да ги смени добавувачите заедно со цената на главната суровина која е многукратно зголемена, ја турна австриската фабрика преку работ.
Компанијата пред две и пол години заврши во стечај
Неколку месеци откако Салцбург Шоколаде поднесе барање за стечај во ноември 2021 година, фабриката ја презеде романската слаткарница KEX, која работи како дел од групацијата Julius Meinl. Во декември 2022 година, дел од производството беше затворено, а 25 работници беа отпуштени. Зголемените трошоци за суровини, транспорт, пакување и енергија беа наведени како причини за тие деловни одлуки.
Ова кулминираше годинава кога поради драстичното поскапување на суровините - цените на какаото тројно се зголемија - беше донесена одлука за целосно стопирање на производството.
Од компанијата соопштија дека ја прекинале соработката со еден од најголемите клиенти и заклучиле дека долгорочното продолжување на производството е економски невозможно, пишува Кронен Цајтунг.
Салцбург Шоколаде има долга историја која датира од 19 век, поточно производството започнало во 1897 година. Фабриката е горда на ексклузивен производ за Mondalez – познатиот „Echte Salzburger Mozartkugel“ од Mirabello. Дел од асортиманот се и Salzburg Chocolate, Maria Theresia или Salzburg Confisérie, како и боби чоколадите, познатото австриско слатко. Други чоколадни производи за меѓународни производители и полупроизводи како што се глазура, сладолед, нугат...
Фото:Амазон* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





