15 Јануари, 2025
0.0282

Престана да излегува дневниот весник „Ден“

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

По неполна година постоење, дневниот весник “Ден” од денес повеќе нема да излегува. Овој пат работите повторно ескалирале поради неисплатата на заостанатите плати, за кои веќе неколку месеци раководството  ветуваше дека ќе бидат исплатени. Како што дознава Фактор, вработените му поставиле ултиматум на директорот Јован Јовчевски, дека ако до вчера до 16 часот не легнат пари на сметка нема да пишуваат текстови. Но, на вработените доцна попладнето им било соопштено дека весникот се затвора. Ова не е прв пат весникот да запре со печатење, но овој пат очигледно дошло нож до коска. Како што дознава Фактор, раководството признало дека нема пари, а вработените платите ќе можат да ги добијат на суд. Дел од новинарите веќе размислуваат да поднесат тужби за исплата на заостанатите плати за октомври, ноември, декември и јануари. Минатата година речиси две недели весникот не се печатеше од истите причини, но откако добија плата, вработените се вратија на работа. Весникот подолг период дише на шкрги.  Кризата почна уште во јули летото а кулминираше во август минатата година, откако тогашниот сопственик и основач на „Ден“, Живко Серафимовски го продаде весникот и ја смени уредувачката постава. Тогаш за директор беше поставен Јован Јовчевски, кој ветуваше дека Ден ќе биде весник што ќе работи по европски стандарди, се најавуваше влез на руски бизнисмен во весникот, но ниту една најава не се исполни.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања