СЕ ЗГОЛЕМУВА ЈАЗОТ МЕЃУ УВОЗОТ И ИЗВОЗОТ – го губиме нашиот најдобар трговски партнер
Објавено во: Економија 07 Октомври, 2025 07:43
Продолжува трендот на намалување на покриеноста на македонскиот увоз со извоз, покажуваат најновите бројки на Државниот завод за статистика. Според податоците за периодот јануари – август 2025 година трговскиот дефицит достигнал 2,2 милијарди евра. Покриеноста на увозот со извоз е 70 проценти, за споредба минатата година истиот период покреноста достигнувала 70,7 проценти, додека пак истиот период 2023 година 75,4 отсто.
Ова покажува дека извозот се намалува, додека увозот расте, што ја става нашата земја во понезавидна позиција.
- Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – август 2025 годинабележи пораст од 1,8 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стокае за 2,7 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година– се посочува во извештајот на ДЗС.
Традиционално најголем удел во увозот имаат нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Во периодот јануари – август 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47,7 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59,8 отсто.
Сепак, податок кој загрижува е фактот дека извозот на македонски производи во Германија продолжува да се намалува. Во првите осум месеци од годинава кај овој наш најзначаен трговски партнер се извезени 9,6 отсто помалку производи во споредба со истиот период минатата година.
Од почетокот на годината извозот во Германија достигнал 1,9 милијарди евра, а падот е сериозен сигнал дека се потребни мерки со кои ќе се повратат партнерите од земја која важи за наш најголем трговски партнер, и земја каде имаме убедливо најголем извоз.
Следна земја со која имаме голема трговска размена, но сепак, далеку зад Германија, е Велика Британија. Таму извозот се зголемил 18,2 отсто во првите осум месеци споредено со истиот период минатата година, но сепак, со неа имаме поголем увоз отколку извоз. Трговскиот дефицит со Велика Британија надминува 800 милиони евра.
Следна земја со која имаме најголема трговска соработка е Кина, но и тука е проблематичен соодносот, бидејќи имаме многу поголем увоз отколку извоз. Скоро 800 милиони евра достигнува увозот од Кина, но извозот скоро 35 милиони евра.
Нашите соседи, на север и на југ се исто така меѓу земјите со кои имаме поголема трговска размена. Со Грција увозот надминува 600 милиони евра, но извозот достигнува одвај 200 милиони евра. Со Србија пак увозот достигнува скоро 500 милиони евра, а извозот кон нив скоро 300 милиони евра.
Турција и Италија се меѓу земјите со поголема трговска размена, но и со нив имаме поголем увоз отколку извоз.
Унгарија исто така се наметна меѓу земјите со кои имаме поголема трговска соработка, и таа е една од земјите со кои извозот го надминува увозот. Имено кај нив извезуваме стоки во вредност од скоро 245 милиони евра, додека увезуваме стоки чија вредност достигнува скоро 145 милиони евра.П.О.
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември




