Седум години од независноста на Косово: сиромаштијата, корупцијата и масовен егзодус
Објавено во: Балкан 16 Февруари, 2015 17:18
На седмата годишнина од независност на Косово според мислењето на аналитичарите се најде пред најголемиот предизвик, сличен на почетоците на кризата и војната со масовен егзодус на населението, пишува приштински „Коха диторе“.
„Тоа се смета за суштински показател кој говори за неуспешност на институциите“, оценува „Коха Диторе“.
Весникот истакнува дека и по седум години од своето постоење, државата не успеала правилно да се одржи на нејзините три главни столба: парламентот, владата и судството.
Аналитичарите изјавуваат дека за седум години државност Косово забележал многу мал напредок и многу неуспеси.
Аналитичарот Бехлуј Беќај потсетил дека од денот на независноста со релативно прифатлива брзина се формирале основните столбови на државата и нејзините три столба на власта: собранието, владата и судството, вклучувајќи ги и нивните формални основи.
Како второ според неговите изјави, Косово изградило локална и централна јавна администрација, а потоа повеќе или помалку ги комплетирало сите законски услови за почеток на нормалното функционирање на државата. Но, тогаш почнале да се редат неуспесите.
„За жал, сето ова во практичната примена ги потврдило недостатоците и нефункционалностите бидејќи Собранието не успеало да јаизврши функцијата на спроведување на законот, што значи дека контролата не функционирала воопшто“ изјавил Беќај.
Весникот „Жери“ пишува дека седмата годиншнина на Косово се наоѓа во длабока економска криза, екстремна сиромаштија, висока стапка на невработеност, криминал и корупција на највисоко ниво.
Во својот седми роденден Косово влегува болно, бидејки масовниот егзодус тешко го „повредило“, пишува весникот.
Оцените на економските експерти покажуваат дека во последните седум години од осамостојувањето економија бележи паѓање.
Ибрахим Реџепи, директор на весникот „Страш“, изјавил дека сите показатели се намалиле, што се рефлектирало во растот на невработеноста и сиромаштијата.
„Сегашното ниво на раст не е доволно за надминување на големи екомонски и социјални проблеми кои не престануваат да се зголемуваат. На одржување на позитивно ниво на раст вогласвно влијаеше јавниот сектор кој прво беше карактеризиран со голем број на странски инвестиции, кои подоцна почна да се намалуваат“ изјавил Реџепи.
Сепак додаде тој, структурата на инвестициите не била добра бидејќи тоа не гарантирало долгорочен развој воглавно поради фокусот кој е ставен на патната инфраструктура.
„Истовремно како да биле заборавени другите значајни сектори кои можат да влијаат на квалитетот на животот, животниот стандард и вработувањето, како што се образованието, здравството и земјоделството“ изјавил Реџепи за „Косова Сот“.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




