СЕГА Е ПОБОГАТ ОД БИЛО КОГА: Koлку пари поседува најбогатиот човек на светот?
Објавено во: Економија, Корона Вирус 02 Јули, 2020
Најбогатиот човек во светот поседува богатство вредно 171 милијарда долари.
Се зголемува богатството на Џеф Безос и тој сега е побогат од било кога.
Луѓето ширум светот поради кризата со коронавирусот се фокусираа кон онлајн тргување, а Амазон има сериозни приливи на средства.
Дури и по разводот, поради кој Безос беше приморан на својата поранешна сопруга да и исплати 36 милијарди долари, неговото растечко богатство е незапирливо.
Неговиот претходен рекорд е регистриран во септември 2018 година.
Во тој период, Амазон вредеше 167,7 милијарди долари. Сега овој број се искачи на 171,6 милијарди долари.
Во 2018 година беше објавено дека Безос за само една година двојно го зголемил своето богатство.