Сеќавање на Тоше Проески: Мамо, дали еден ден, кога ние ќе имаме пари, ќе ми купиш кикирики
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2020
Од мал беше капетан на трите брода на базиликата од храмот „Свети Никола“. Кога пееше на неделната или празничната миса, оживуваа сите ликови од волшебните иконостаси на Гарката и на Станишев. Иконите на зографот Михаил го поздравуваа со долг аплауз. Исчезнуваа лузните на црквата од илинденскиот палеж во 1903 година. Никола и Домника не забележаа ниту еден фалш кај својот син.
Во семејството на Тоше, сите се толку музикални, што е многу тешко да се одреди од каде е наследен музичкиот ген. Дали од дедото Тодор, кој царувал со сцената и бил одличен актер, дали од родителите и чичковците, чии средби секогаш изобилувале со трубадурски изблици, придружувани со гитари. Музиката била најчест гостин во нивниот дом. Како нешто без кое не се може. Како мевлем против сите рани што ги отвора животот, како оружје против судбината, како извор во кој се капе душата. Кај Тоше гените беа посилни, како да испреплетеа не две, туку четири нишки од ДНК, во која се криеше кодот - пејач, ѕвезда. Го насетуваа талентот. Но, не и тоа што допрва ќе им се случува. Одеа по Божјиот пат, славејќи го Господ, благодарни и со тоа малку што го имаат. Чудни се патиштата Божји. Понекогаш зборовите од писанието испреплетуваат најубава свила, која ја постилаат пред нас, а ние чекориме по неа. Но, знаат да исткаат и стрели, кои ќе нé погодат, една по друга. Не прашувајќи дали можеме да се носиме со нив. А Господ ти дава толку тежина колку што можеш да издржиш.
Повеќе на Женски магазин овде* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.