Секој десетти Шпанец има антитела
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Декември, 2020
Секој десетти Шпанец има антитела, покажува истражување.
Околу 4,7 милиони луѓе во Шпанија, односно секој десетти, се разболеле од коронавирус од почетокот на пандемијата, покажува студија на Владата посветена на антителата, објави АФП. Бројката е значително поголема од официјалните податоци на Министерството за здравство, кои сега се 1,76 милиони луѓе заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Бројката е повисока и од предвидувањата на премиерот Педро Санчез дадена во октомври, за повеќе од 3 милиони заразени.
Студијата за ширењето на вирусот сега е во четвртата фаза и се спроведува преку брзи тестови на антитела. Резултатите од претходната фаза на истражувањето, објавени во јули, покажаа дека стапката на ширење е нешто над 5 отсто.
Бројката во Мадрид е највисока. Таму има околу 18 отсто од популацијата позитивна на антитела за Ковид-19, во споредба со националната стапка од 9,9 отсто. Од друга страна, регионите како Канарските острови и Валенсија имаат стапка на преваленца под 5 отсто.
Во Шпанија над 48.000 луѓе починаа од вирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.