05 Декември, 2025
0.1591

СЕКОЈ МЕСЕЦ ПО 100 МИЛИОНИ, РАСТЕ ЦЕНАТА, БАНКАТА СТАНУВА НЕДОСТИЖНА - ова се најновите бројки за пазарната капитализација за акционерските друштва

Објавено во: Финансии 11 Февруари, 2025 14:39

Добивај вести на Viber

Крајот на јануари ни носи нови бројки за тоа колку вредат македонските компании. Најтргуваните акции и оние кои доживуваат постојан раст, всушност се однесуваат на најмоќните акционерски друштва во земјава, а сега достигнуваат нови и нови височини.

Македонската берза за долгорочни хартии од вредност го објави својот извештај за јануари оваа година, кој покажува можеби не толку добри бројки за пад на берзанскиот промет за 58,76 отсто, како и намалување на бројот на трансакции за 3,95 отсто, но затоа постојат одлични параметри во делот на пазарната капитализација, која е зголемена за 3,44 отсто, а зголемена е и вредноста на главниот македонски берзански индекс, МБИ10, и тоа за дури 6,4 проценти.

Да видиме што покажуваат податоците на Македонската берза за пазарната капитализација на компаниите за крајот на јануари на оваа година.

Највисока пазарна капитализација, што всушност значи колку пари би требало да плати одреден инвеститор ако сака да ги купи одеднаш сите акции на одредено друштво, и натаму има Комерцијална банка.

Ако минатиот месец пишувавме дека нејзината пазарна капитализација ја надмина психолошката граница од една милијарда евра, односно таа изнесуваше 1,054 милијарди евра, сегашната состојба е дека на крајот на јануари Комерцијална банка имала пазарна капитализација од 1,135 милијарди евра. Значи, само за еден месец имаме зголемување за 81 милиони евра на пазарната капитализација на најголемата македонска банка.

Додека, пак, на крајот на ноември лани банката имаше пазарна капитализација од околу 900 милиони евра, што практично значи како во последниве два месеци да има пораст од по околу 100 милиони евра на пазарната вредност на оваа банка.

Овој фантастичен раст на пазарната капитализација се должи на одличниот раст кој го доживува акцијата на Комерцијална банка. 

За волја на вистината, тие акции од 20 декември лани почнаа благо да се намалуваат, и извесен период настапи мечката, при што најниската вредност беше на 5 февруари, но сега таа акција пак се враќа на својот стар сјај, а вчера конкретно затвори на 29.956 денари, што е сосема минорен и незначителен пад во однос на еден ден претходно. 

Второ акционерско друштво што котира на берзата а што има огромна пазарна капитализација и се вбројува во рангот на десетте најликвидни акции, е акцијата на НЛБ Банка. Таа банка се искачи на второ од трето место кое го имаше претходниот месец, со пазарна капитализација од 823 милиони евра. НЛБ Банка пред еден месец имала пазарна капитализација од 780 милиони евра, што значи растот за еден месец е 43 милиони евра.

Само мала замена, од второ на трето месето за крајот на јануари доаѓа Стопанска банка Скопје. Нејзината пазарна капитализација е малку намалена во однос на претходниот месец, односно во однос на крајот на декември, па таа на крајот на јануари изнесува 768 милиони евра, откако била пред еден месец 844 милиони евра. Во овој случај само треба да се напомене дека акцијата на Стопанска банка Скопје во текот на минатата година доживеа најголем годишен раст, за дури 125 отсто, па сега ова треба да се доживее како нејзина своевидна стабилизација.

И, веќе на четврто место според пазарната каитализација испливува фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, чија пазарна капитализација се искачи на близу 700 милиони евра или прецизно над 696 милиони, што е раст за 38 милиони евра во однос на крајот на декември минатата година.

Во одличната топ петорка влегува и пазарната капитализација на Македонски телеком, која изнесува 664 милиони евра, наспроти 623 милиони евра минатиот мнесец, што значи дека и овдека имаме фантастичен пораст од 41 милиони евра.

Најголемиот нафтен дистрибутер во земјава, „Макпетрол“ има пазарна капитализација од 191 милиони евра на крајот на јануари, градежниот гигант „Гранит“ има пазарна капитализација од 97 милиони евра, додека, пак, за сите акции одеднаш на „Македонијатурист“ за кои се бие најголема битка, би требало да се платат 78 милиони евра. Одличната компанија „Реплек“ достигна пазарна капитализација од над 68 милиони евра, а ТТК банка би чинела дури 37 милиони евра.

Треба да се наведе дека станува збор за пазарната капитализација на најтргуваните акции во јануари годинава, што значи дека можеби има компании и со повисока пазарна капитализација, но нивните акции не биле меѓу најтргуваните во првиот месец од годинава.

Инаку, во јануари сите останати котирани друштва, покрај овие 10 што ги наброивме, имале вкупна пазарна капитализација од 1,188 милијарди евра.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката