Села: Mоите ставови не се насочени против ниедна етничка заедница
Објавено во: Македонија 18 Март, 2017
Зијадин Села од Алијансата за Албанците, тврди дека власта и медиумите блиски до неа деновиве го оцрнуваат вадејќи му стари снимки и изјави од пред изборите, дадени во жарот на изборната кампања.
Села во изјава за Телма вели дека и сега ги брани барањата од интерес на Албанците во Македонија, но дека не гледа никаков радикализам кај себе.
„Јас немам проблеми со моите ставови и не се насочени кон ниеден во државата против ниедна етничка заедница. Сите тие кои имаат проблеми мислам дека треба да седнат и да си разговараат со себеси какви политички кариери имаат градено во изминатите години“ – вели Села.
Јас немам градено политичка краиера повикувајќи на „гасни комори“ за Албанците или било кој друг народ , додава Села.