СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА: Камерите го снимија инцидентот на Спасов, ама не и убиството на Нешковски и сообраќајката на Фросина!

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2016 11:11
Снимките од сообраќајниот инцидент на дополнителниот заменик министер Диме Спасов кои вчера завршија на провладини медиуми, наместо во МВР се доказ дека сѐ се снима.
А токму тие снимки и ја разгневија јавноста. Зошто?
Токму тие снимки ја расветлија енигмата дека камерите кои МВР ги постави на скопските сообраќајници уште во 2012 година преку проектот „Безбеден град“ функционираат.
Велиме, ја разгневија јавноста. Да! Во поглед на низа болни сообраќајни незгоди и убиство кои завршија со жртви.
Каде исчезнаа видео снимките кога на Партизанска беше прегазена младата Фросина? Кога на плоштад беше убиен Мартин Нешковски? Зошто камерите не функционирале кога се случи петкратното убиство кај Смилковско езеро или пак во сообраќајката на Никола Младенов?
Снимките што ги објави „Сител“, според кадрите, покажуваат дека тие не можеле да бидат направени од друго место, освен од камери поставени на сообраќајниците.
Оттука се поставува прашањето, зошто намсето во МВР, УБК ги даде снимките на медиуми блиски до власта?
УБК е единствената институција во чие раце се безбедносните камери од улиците, а СВР-Скопје ги побарало за да може да ги расветли случувањата од таа ноќ, но сепак тие не постапија како што налагаат законите.
Проектот „Безбеден град“ беше промовиран на 7 мај 2012 година, на Денот на полицијата, а камерите беа поставени речиси две години претходно. На промоцијата присуствуваа тогашните први луѓе на МВР, УБК и на БЈБ, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков и Љупчо Тодоровски.
Тогаш беа инсталирани 300 километри оптичка мрежа и 600 камери на територијата на Скопје, Куманово и Тетово.
Според тогашните информации системот има техничка можност да се поврзе со радар за мерење на брзината на возилата или со семафорите за да документира минување на црвено светло, на пример.
Да се потсетиме дека од МВР за сообраќајката во која загина Фросина и за убиството на Мартин Нешковски рекоа дека камерите не функионирале во тој момент.
Со МВР тогаш управуваше Гордана Јанкулоска а снимките, како што објавија не можеле да помогнат во истрагите.
Од сето погоре напишано можеме само да заклучиме дека снимките од „сејф сити“ „работат“ само кога се работи за „важни лица“ (функционери на власт).
Обичниот граѓанин чиј живот згаснал по нечија вина, воопшто не е важен и воопшто не е битно дали тие снимки ќе помогнат за расветлување на истрагата која можеби ќе стави во затвор лице блиску од или до (се исто) партијата на власт.
После ова, јавноста бара одговор зошто и до кога обичните граѓани ќе бидат зад се, и на последно место во 21 век во земја која се прокламира како демократска во која „граѓаните се пред се“ и тие одлучуваат за се!
И.С.
Можеби ќе ве интересира
„ВИЕ НЕ ПОНУДИВТЕ МОТИВ ЗОШТО Е СТОРЕНО ДЕЛОТО, АЛЕКСАНДАР ГО ИМА НАЈСКАПИОТ ИМОТ“ - Палчо тврди дека обвинението против него е недокажано и нелогично

ОБВИНИТЕЛИТЕ ГИ ПОВИКУВААТ НА СРЕДБА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНИ - ќе можат да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка

Скопски таксист седеше на возилото за да го одбрани од пајак

Ивановска ја повика Димитровска да си поднесе оставка како претседателка на ДКСК

„ОВА Е КЛУЧЕН МОМЕНТ НЕ САМО ЗА УСТАВНИОТ СУД, ТУКУ И ЗА ВАШИТЕ КОЛЕГИ НАСЕКАДЕ ВО СУДСТВОТО“: амбасадорката Агелер со јасна порака
„НОВА ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗБОР НА НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ“: Националната агенција за европски образовни програми со мерки против корупцијата

КЛАСИЧНА ЗЛОУПОТРЕБА, ГИ СЛИКАТЕ ОСОМНИЧЕНИТЕ И ПРАЌАТЕ ПО МЕДИУМИ: Палевски вели не бегал откако дознал дека е осомничен
СДСМ објави видео: Брат на градоначалникот на Гази Баба дивее со „мини купер“, полицијата не го казнува
СКОПЈЕ И БАРСЕЛОНА ПОВТОРНО ПОВРЗАНИ - ќе се лета два пати неделно, а се воведува и нова линија со Лион
