16 Јуни, 2025
0.0261

„СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ДА СЕ ГОНИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ“: Левица бара итни промени на Кривичниот законик

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2024 11:08

Добивај вести на Viber

Системските пропусти деновиве дозволија убиство на уште една жена! Причините за фемицид се исти, убиствата сѐ почести, а властите упорно не наоѓаат за сходно нашето законодавство да го насочат кон искоренување на очигледниот суштински проблем.

Ова го посочија денеска од политичката партија „Левица“, од каде велат потренба е измена на Кривичен законик. 

- Постојниот Кривичен законик за случаи на телесна повреда при вршење насилство врз жена или семејно насилство предвидува гонење по предлог на жртвата. Ова им остава простор на жртвите под притисок од насилникот, под страв или како резултат на психичко растројство од извршеното насилство – да ја повлечат пријавата, да се прекине постапката и извршителот на насилството да остане без казна, на слобода, претставувајќи закана за жртвата - нагласуваат од партијата.

Затоа, нагласуваат во соопштението „го повикуваме Министерот за правда од ЗНАМ, Игор ФИЛКОВ, без одложување да иницира измени на Кривичниот законик, во насока на запирање на овој монструозен хаос поради кој жените се обесхрабрени да го пријавуваат насилството“. 

- Потребни се мали измени со коишто стореното кривично дело „телесна повреда“, нема да може да биде амнестирано под притисок на насилникот, односно гонењето ќе биде целосно препуштено на надлежните органи и ќе се гони по службена должност, а сторителот ќе биде со сигурност казнет.

И убиството на 29-годишната штипјанка е последица на низа насилства од страна на (сега веќе) убиецот којшто претходно бил пријавуван пред надлежните институции, но бидејќи  жртвата го повлекувала предлогот – постапките запирале и насилникот останал неказнет, за сега да еволуира во убиец.

Токму тоа го покажуваат и анализите – само 2 проценти на насилство се пријавува кај надлежните институции, а и оној мал број на пријави не завршуваат соодветно, поради повлекување на предлогот од страна на жената-жртва на насилство и запирање на постапката - се нагласува во соопштението.

Додаваат дека жените жртви на семејно насилство не смеат да останат незаштитени и сами во нивната институционална борба против насилникот, која што борба пак, де факто значи борба за живот. Законодавството и надлежните мораат да се постават на страна на жртвата и да создадат безбедна средина, искоренувајќи ја храброста на насилниците да се претворат во потенцијални убијци.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!