СЕМЕЈСТВОТО НА ПРВО МЕСТО: Богаташите во Фиренца биле најбогати и пред 600 години
Објавено во: Финансии 02 Февруари, 2017 21:17
На најбогатите семејства во италијанскиот град Фиренца им „оди добро“ веќе некое време-шест векови, прецизно речено.
Според неодамнешна студија, која ја спровеле италијанските економисти Ѓулејмо Бароне и Сауро Мочети, најбогатите семејства во Фиренца денеска, биле најбогати и пред 600 години.
Благодарение на онлајн дигитализацијата податоците за фирентските даночни обврзници за проучување на долгорочните економски мибилности, економистите ги анализирале податоците од 1427 година до денес.
„Даночните обврзници кои најмногу заработуваат сега, биле на врвот на социоекономската листа и пред шест векови“, тврадт Бароне и Мочети.Иако ги признаваат маните на следење на линијата на семејното богатство преку презимиња, авторите на студијата истакнуваат дека италијанските презимиња се со изразен регионален карактер и по правило се пренесуваат линеарно.
Тие тврдат дека семејствата на врвот на листата и пред шест векови, имале најпрестижни бизниси . Притоа, фактот дека богатството се пренесува од колено на колено не е необичен, она што импресионира е како овие семејства го сочувале богатството преку небројни историски превирања кои во овој долг период ја погодиле Фиренца.
Опсади, Наполеонова инвазија, граѓанска војна, војна за обединување, фашистички режим, две светски војни - Фиренца малку кој судир ја заобиколил, но и покрај тоа, големите италијански семејства успеале да се одржат.
Студијата понатаму дава уште еден во низата докази за акумулација на богатство. Претходните истражувања спроведени во Англија покажале дека некои богати и моќни семејства, опстојуваат и по осум векови, односно 28 генерации.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





