СЕМЕЈСТВОТО ПЕЦОВСКИ ЈА ЗАСИЛУВА ПОЗИЦИЈАТА ВО „РЕПЛЕК“ - еве кој друг купи акции од компанијата
Објавено во: Финансии 25 Јуни, 2025 10:22
Сопствениците и членовите на органите на управување на „Реплек“ купуваат акции од компанијата со која раководат. На Македонска берза беше објавена нова инфорамција за промени во компанијата, осносно за нова купопродажба на акции издадени од „Реплек“.
Како што е посочено во соопштението, Владимир Пецовски, еден од поголемите акционери на скопската фармацевтска компанија се стакна со нови 40 акции.
Тој е брат на генералнито директор на „Реплек“, Душан Пецовски, а со новите 40 акции, Владимир сега поседува 16.500 или 6,37 проценти од почетниот капитал.
Со нови акции се стекна и Коста Котески – заменик генерален директор, кој купил 10 акции и сега поседува вкупно 390 обични акции.
За оваа промена од „Реплек“ информираа преку ценовно чувствителната информација објавена на Македонска берза: „Акционер со над 5 отсто Пецовски Владимир се стекна со 40 нови акции, со што поседува вкупно 16.500 или 6,37 проценти од вкупниот број на акции“.
На овој начин и двајцата повремено ја манифестираат довербата во стабилноста и перспективноста на „Реплек“.
Можеби ќе ве интересира
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра




