Сендвич бисквити – нов производ од Жито Лукс
Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2016 15:50
Два типа на сендвич бисквити се новите производи од Жито Лукс.Со нивното пласирање на пазарот, компанијата ја прошири својата веќе постоечка понуда во сегментот бисквити.
„Со неодамнешното лансирање на бисквитите и чоколадните колачи го проширивме нашето портфолио во нова категорија – кондиторија. Нашите консументи, топло го пречекаа овој чекор и токму затоа, осумте нови производи сега се збогатени со уште два нови вкуса, сендвич бисквити кои се вистински тренд насекаде низ светот. Со ова ја продолжуваме нашата развојна стратегија чија цел е постојано создавање на нови иновативни производи како одговор на потребите на пазарот и задоволување на потребите на потрошувачите“, изјави Лидија Трајковска Ристовска, маркетинг менаџер во Жито Лукс.
Сендвич бисквитите се направени од внимателно избрани состојки и филувани со највкусен какао и ванила крем и како такви претставуваат вистинско освежување на пазарот. Достапни во пакување од 200 гр., новите сендвич бисквити се уникатно слатко доживување за сите сетила.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




