СЕПТЕМВРИСКОТО ЛЕТО ПРОДОЛЖУВА: Под влијание сме на антициклон
Објавено во: Македонија 08 Септември, 2025 07:00
Под влијание на Антициклон и на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка и во следните денови во нашата Република Македонија времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност и со натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и тој повремено ќе засилува на интензитет, објави метеорологот Славчо Попоски.
„Исто така, повремено ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
И во Скопје и околината во следните денови ќе имаме стабилно, суво и натпросечно топло време.
Што се однесува до температурите, тие преку ден во повеќето градови ќе надминуваат 30 степени, а во југоисточните предели како и во Повардарието тие локално ќе се искачат до, па и ќе надминуваат 35 степени. И во Скопје и околината во следните денови температурата преку ден ќе надминува 30 степени“, објави тој,
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




