06 Октомври, 2024
0.0384

Шаќири одржа средба во Чашка, протест против албанска паралелка

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

 Министерот за образование и наука Јетон Шаќири попладнево се сретна со родителите на учленици од ООУ „Тодор Јанев“ и градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, кои се против формирање на паралелка на албански јазик само со неколку ученици.

Додека траеше средбата со министерот, пред општинската зграда протестираа родители и жители на Чашка.

Протестот трае две недели со барање учениците да се вратат во паралелката со македонски јазик. 

Паралелката со шест првачиња на албански наставен јазик профункционира од минатиот четврток. 

Останатите 59 ученици од второ до деветто одделение од албанска националност  понатаму учат во одделенијата во кои се предава на македонски јазик.

Стојановски бара од Министерството за образование да и се вратат одземените ингеренции на општината.

- Бојкотот на наставата продолжува и понатаму со тоа што родителите секое утро ќе протестираат пред училиштето, а децата ќе бидат дома, изјави Цвета Пешовска од Одборот на родители.

Од петокот кон протестот се приклучија и наставниците, а Шаќири по средбата не даде изјава.

Во ООУ „Тодор Јанев“ во учебната 2023/24 година учат 210 ученици, а со 104-те ученици од подрачното училиште во село Мелница, вкупниот број на ученици изнесува 314. Во населба Чашка настава следат 65 ученици од албанската етничка заедница. Тие со организиран превоз доаѓаат од населени места Бањица, Отиштино, Горна Чашка, Еловец, Голозинци, Бусилци, Крива Круша и Ново Село


Можеби ќе ве интересира

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

И ДОЖД И ВЕТЕР, НО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НАД 20 СТЕПЕНИ: Детална метео анализа за утре и за следната седмица

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

МАЛИЌИ СТАНА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА МЕКСИКО: Во Скопје е отворен конзулатот за зајакнување на односите меѓу Мексико и Македонија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕВЕ БАИР: Инвестиција од 1,6 милиони евра за граничниот премин со Бугарија

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

СТИГНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ЗА ЛИБАН: Обединетите Арапски Емирати доставија 40 тони лекови и други материјали

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

ПО ПОЧИНУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ДСЗИ ВЛЕГУВА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА И ВО „КОЗЛЕ“: Имало ли пропусти во лекувањето?

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица

КОНТАМИНИРАНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУМИЦА: АХВ наложи нови мерки за “Комуналец” од Струмица