Шчербак: Воено неутралниот статус на Македонија може да и даде многу
Објавено во: Македонија 24 Април, 2018 15:24
Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак денеска изјави дека секоја држава има сопствен избор за градење на националната безбедност без разлика дали тоа е со членство во НАТО или воена неутралност.
Според него, секоја земја треба самостојно со референдум и почитување на волјата на мнозинството да одлучи за членство во сојузи.
„Постојат успешни воено неутрални држави во Европа и таквиот пристап на решавање на националната безбедност е рационален“- изјави Шчербак.
Наведе дека ефикасната безбедност во 21. век може да биде изградена само врз основа на колективна безбедност и со заеднички напори на сите и мали и големи земји.
„Воено неутралниот статус на Македонија може да ѝ даде многу и во таков случај таа ќе биде отворена за сите и ќе може да ги оствари економските и социјални интереси на граѓаните, без да биде под товарот на европската солидарност. Добро знаете дека кога солидарноста се става над здравиот разум, тоа е погубно за националните интереси“ - изјави Шчербак.
Амбасадорот вели дека НАТО претставува воено-политички блок создаден од САД со една цел да се спротивстави на Варшавскиот пакт, но иако тој веќе 30 години не постои НАТО се уште се шири кон исток.
Вели дека постои пропаганда со која Русија се претставува како агресор и дека земјите од Балканот се принудуваат да направат вештачки избор меѓу Истокот и Западот.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето




