08 Октомври, 2024
0.0416

Шекеринска одговори на прозивките на ВМРО-ДПМНЕ за „Рекет“

Објавено во: Македонија 10 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Од кабинетот на министерката Радмила Шекеринска во изјава за тв24, децидно демантираат било каква вмешаност на Шеќеринска со Рекет и го повикаа обвинителството да ја интензивира истрагата.

„Раководам со стратешки важно Министерство, дел сум од Влада која им објави „војна“ на криминалот и корупцијата и ги разбирам потребите за дисквалификации и неосновани напади, но најодговорно се спротивставувам на оркестрираните обиди да се стави знак на еднаквост меѓу криминалците и оние кои не се тоа, меѓу корумпираните и оние кои избрале да работат чесно“, стои во реакцијата на Шеќеринска.

Во реакцијата на Шеќеринска, се посочува и дека, тоа што двајцата осомничени биле во притвор од моментот кога се отвори случајот е показател дека Владата не заштитува никого и дека ја поддржува истрагата на обвинителството.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ прашаа која е улогата на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска во случајот „Рекет“? 

„Власта треба да одговори и каква е замешаноста на Радмила Шекеринска која се споменува во видеото и дали таа знаеле или можеби и учествувала во милионскиот рекет. Се наметнува и прашањето дали и други лица од власта биле во релација со Боки 13 и која била нивната улога?“, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Партијата новите снимки ги поврзува со Шеќеринска, затоа што во еден од разговорите, Бојан Јовановски и Орце Камчев зборуваат за „Бобо“ и неговата сопруга. 

Можеби ќе ве интересира

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа

СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ ЗА БИТНИ ПОЗИЦИИ – ќе има ли промени во раководните структури на Царина и УЈП

СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ ЗА БИТНИ ПОЗИЦИИ – ќе има ли промени во раководните структури на Царина и УЈП

КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДА ВОВЕДЕ РЕД ВО ГРАДОТ: Ваков предлог закон постои, еве што бара Герасимовски

КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДА ВОВЕДЕ РЕД ВО ГРАДОТ: Ваков предлог закон постои, еве што бара Герасимовски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија