12 Мај, 2024
0.0265

Шеќеринска - Данкан: Се отвораат светли перспективи за Македонија и за граѓаните

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Се отвораат светли перспективи за Република Македонија и за граѓаните, со демократските промени што се случуваат и носат нова демократска влада, изјави попладнево  заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на средбата со државниот министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Алан Данкан и британскиот амбасадор, Чарлс Гарет.

Тема на состанокот, на кој Шеќеринска беше придружувана од генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, потпретседателот Дамјан Манчевски и претседателката на Комисијата за европски прашања на СДСМ, Лидија Димова, беа промените што се случуваат на политички план во Македонија, како и економските предизвици за обезбедување квалитетен живот. 

На средбата била нагласена „мнозинската волја на над 612.000 граѓани кои на изборите избраа правда за сите, наместо неправди, заедништво наместо поделби и Македонија која оди напред, наместо изолација од светот“.

„Оваа мнозинска поддршка на концептот за Македонија едно општество за сите, земја на еднакви граѓани, со еднакви права и должности пред Уставот и законите е факторот на стабилност во државата. Се покажа дека сета пропаганда за некакви федерализации или редефинирања на државата била лажење и манипулација на јавноста. Најдовме решение во согласност на Уставот“- вели Шеќеринска. 

Шеќеринска наведе дека партијата во моментов е посветена на тоа Македонија да биде правна држава, да се обезбеди непречена работа на Специјалното јавно обвинителство и независни институции коишто ќе работат во интерес на граѓаните.

Таа додава дека е потребен излез од сиромаштија и квалитетен живот за сите. 

Дипломатите претходно беа и во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на средба. 

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ИМУНИТЕТ МОЖЕ ДА ГО ОДЗЕМЕ САМО УСТАВЕН СУД - еве какви обврски ќе има

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ИМУНИТЕТ МОЖЕ ДА ГО ОДЗЕМЕ САМО УСТАВЕН СУД - еве какви обврски ќе има

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите