17 Декември, 2025
0.0365

ШЕШЕЉ ГИ РАСИПА ОДНОСИТЕ: Хрватскиот премиер откажа посета на Белград!

Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2014 12:27

Добивај вести на Viber

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, незадоволен од реакциите на српските власти на ослободувањето на лидерот на српските радикали Воислав Шешељ, одлучи да го откаже учеството на самитот на шефови на држави и влади од Централна и Источна Европа со Кина, што ќе се одржува во Белград. Наместо него, во Белград ќе патува министерот за сообраќај и инфраструктура Хајдаш Дончиќ, а неговиот престој во Србија „нема да има никаков политички призвук“, пишуваат хрватските медиуми. Миланович во блиска иднина нема да се сретне со српскиот премиер Александар Вучиќ, кој вчера остро реагираше на резолуцијата на Европскиот парламент за преиспитување на условите за ослободување на Шешељ, донесена на иницијатива на Хрватска. Загреб смета дека Вучиќ и српскиот државен врв не реагирале соодветно на ослободувањето на Шешељ и неговите провокативни изјави дадени потоа, па додека не се дистанцираат од лидерот на радикалите, средбата на двајцата премиери не би имала преголема смисла. На самитот во Белград, шефови на држави и влади од земјите од Централна и Источна Европа е предвидено да се сретнат со кинескиот премиер Ли Кечијанг. Тој најави дека во регионот доаѓа со сериозни планови за зголемување на кинеските инвестиции во инфраструктурни проекти.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата