16 Декември, 2025
0.0393

Шест дена ќе биде блокиран железничкиот транспорт во Германија

Објавено во: Свет 04 Мај, 2015 13:24

Добивај вести на Viber

Новиот штрајк на возачите во германските државни железници „Deutsche Bahn“ (DB) се заканува да го блокира железничкиот транспорт во земјата во рамките на цели шест дена оваа недела.

Синдикалната организација „GDL“, која е помала од синдикатот во компанијата, започнува со штрајк во 15 часот денеска во областа на товарните возови - за седум дена, соопштија од организацијата во Франкфурт на Мајна, цитирана од светските агенции. Од вторник ќе започнат со штрајк и кај патничките возови. Тие ќе почнат во два часот во текот на ноќта и ќе бидат прекинати во 9 часот наутро во неделата. Засегнати се како регионалните возови, така и оние на долги релации, како и урбаната железница „S-Bahn“, која е раководена од „Deutsche Bahn“ - во Минхен и областа на Рајна и Мајна.

Ако плановите се реализираат, тогаш овие 127 часа штрајк во патничкиот транспорт би биле најдолгиот штрајк во историјата на железничката компанијата. Сега објавениот протест е осмиот последователен во сегашниот конфликт меѓу вработени и работодавачите.

Машиновозачите инсистираат за зголемување на платите од 5% и намалување на работните часови од 39 на 37 часа неделно. Повеќе проблематично е барањето на синдикатот да преговара и од името на другите службеници, кои традиционално се претставувани од конкурентниот поголем синдикат „Eisenbahn- und Verkehrsgewerkschaft“ (EVG).

Во четвртокот синдикатот го отфрли новиот предлог на „DB“, вклучувајќи 4,7-процентно зголемување на платите во две фази од 1 јули и еднократна исплата на 1.000 евра до 30 јуни.

„Deutsche Bahn“ изјави уште во крајот на минатата година, дека предложила 5% покачување на платите за наредните 30 месеци за возачите, но нема да го прифати предлогот за плаќањето на останатите вработени.

Во „GDL“ членуваат 19 000 од 196 000-те вработени на компанијата во Германија. Организацијата е постојано критикувана поради штрајковите, организирани во контекст на слабеење економија.

Во минатата година синдикатот веќе организирал четири штрајкови поради работните услови кои го парализираа железничкиот транспорт во многу области на Германија. Последниот, од ноември, беше најдолг штрајк во историјата на компанијата од нејзиното основањето во 1994 година досега. Тогаш загубите за компанијата беа проценети на над 100 милиони евра. Предходниот штрајк пак беше на 18 и 19 октомври.

И во февруари од „GDL“ најавија штрајк, која требаше да трае до 180 часа. Но сепак беше откажан откако отстапките од страна на железничката компанија и преговорите беа обновени.

Последниот штрајк беше во средината на април и траеше неколку дена.

Можеби ќе ве интересира

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница